Како големите банки ги прават големите пари?
Објавено во: Финансии 10 Ноември, 2016 07:44
Клучен или доминантен фактор за раст на добивките на три големи банки е кратењето на расходите за камати! Кажано со едноставни зборови трите банки намалувајќи ги каматите на депозити за кои плаќаат на коминтентите значајно ги намалиле своите расходи, а две од нив успеале и да ги зголемат при тоа приходите од камати.
Трите големи банки во земјава, кои досега ги објавија своите резултати, книжат зголемени добивки од лани. Тука се: Комерцијална банка, НЛБ банка и Охридска банка. Стопанска банка Скопје уште не го објавила билансот на успех.
Трите големи банки имаат заеднички именител во следново: трите значајно ги скастриле нивните расходи за камати за првите девет месеци годинава во споредба со лани! Токму кратењето на расходите за камати во голема мерка или доминантно влијаело врз добивките на трите банки. Резултатите покажуваат дека е успешна стратегијата на кратење на расходите односно трошоците на банките на камати во комбинација со раст на цената на кредити односно со зголемување на приходите од камати на кредити.
Од трите банки најмногу се потрудила да ги скрати расходите за камати „Комерцијална банка“. Таму за првите девет месеци годинава во однос на истиот период лани расходите за камати се пониски за 158,4 милиони денари што претставува намалување на овие расходи за 27,7 отсто.
Овој фактор во голема мерка влијаел врз зголемената добивка на банката за првите три квартали годинава. Особено заради тоа што нето приходите од камати на „Комерцијална банка“ годинава во споредба со лани се повисоки за само 15 милиони денари што изнесува раст од 0,6 отсто. Бруто приходите кај Комерцијална банка годинава дури и се пониски од истите во дадениот период лани.
Значајно намалување на расходите од камати има и Охридска банка и тоа изнесува 65,7 милиони денари односно 18 отсто во однос на истиот период лани.
Дополнително на тоа Охридска банка успеала да ги зголеми и своите приходи од камати за 2,8 отсто односно за 30,7 милиони денари. „Сума сумарум“ нето приходите на банката пораснале за 14,6 отсто односно за 106,9 милиони денари.
НЛБ банка има раст на приходите од камати за 13,5 отсто односно 241 милиони денари, а истовремено пад на расходите за 12,3 отсто односно за 89 милиони денари.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





