16 Декември, 2025
0.0844

КАКО ИЗГЛЕДА УТРИНАВА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН КОН СРБИЈА: На Табановце колони возила со граѓани кои ќе се вакцинираат во Белград, Ниш...

Објавено во: Македонија 27 Март, 2021 08:05

Добивај вести на Viber

Од утринава колони возила ја напуштаат Македонија. Камерите на Граничниот премин на Табановце покажуваат километарски колони од автомобили и автобуси со граѓани кои одлучија да се вакцинираат против корона вирусот кај нашиот северен сосед.

Иницијативата за масовно вакцинирање во Белград, но и на други вакцинални пунктови ја покренаа стопанските комори од регионот, па така од вчера, но и во текот на викендот се очекува илјадници граѓани да се вакцинираат.

Дел од нив за Фактор изјавија дека ова е шанса да си го заштитат здравјето од опасниот вирус.

-За жал кај нас многу се оддолжи процесот на вакцинација. Премногу долго се чека да стигнат вакцините. Кој знае кога би можел да дојдам на ред. Ова е можност која ќе ја искористам да си го заштитам сопственото здравје, но и да не претставувам ризик за останатите со кои постојано сум во контакт, вели скопјанецот Слободан. Б, кој со неколку пријатели утринава се упатија во Ниш.

А.Б.


Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“