05 Декември, 2025
0.0435

КАКО ЌЕ СЕ КРЕДИТИРА МАКЕДОНИЈА: Наумов и Ставрески ќе водат уште многу битки!

Објавено во: Финансии 04 Јануари, 2016 09:10

Добивај вести на Viber

Во првиот месец од новата 2016-та година државата планира три аукции на државни записи и обврзници. Министерството за финансии го објави календарот за одржување на аукции на државни хартии од вредност за првите две тримесечја. Првото задолжување е закажано за следната недела. Засега не се знае колку пари ќе побара Владата од домашните кредитори, единствено е познато дека ден по аукцијата за раздолжување по основ на доспеани хартии од вредност доспеваат околу 15,4 милиони евра.Според календарот до средината на годинава се закажани 24 аукции, и во истиот период доспеваат за враќање по сонов на државни хартии од вредност  скоро 500 милиони евра. Најмногу аукции според календарот се закажани во предизборните месеци март и април. Токму задолжувањето на домашениот пазар беше причина за конфликт помеѓу министерот за финансии Зоран Ставрески и дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов. Лани Наумов неколку пати се обиде да спречи задолжувањa повеќе отколку што е потребно. Првично планираната евробврзница на странскиот пазар, под притисок на СДСМ односно со помош на врзаниот потпис, наместо планираните половина милјарда евра, издјествува да се намали на 270 милиони ерва. Наумов потоа пред одржувањето на една од аукциите кон крајот на минатата година,  се обиде да стави вето на задолжувањата на домашниот пазар, со образложение дека нема да стави потпис на задолжување што е повеќе отколку што е потребно за раздолжување. Но, стариот состав на Државната изборна комисија не го изгласа барањето за вето за задолжувањата на домашниот пазар. Владата на тогашната аукција што се одржа во последниот месец од 2015-та година, побара 100 милиони евра, за раздолжување доспеваа околу 65 милиони евра, а од домашните кредитори доби 72,6 милиони евра. СДСМ тогаш ги повика домашните кредитори за следните аукции да бидат внимателни во однос на кредитирањето на државата и да постапуваат онака како што постапиле и странските банки при емисијата на ланската еврообврзница, односно дека за секое задолжување мора да има потпис и од дополнителниот заменик министер, а во спротивно задолжувањето може да биде оспорено. На последната аукција минатата година, домашните банки ја кредитираа државата во износ на доспеаните раздолжувања. За одлуката на стариот состав на ДИК, СДСМ поднесе тужба до Уравниот суд и наскоро се очекува одлука. Според дополнителниот заменик министер Наумов, досега немало толку многу аукции како во календарот за годинава, особено во предизборните месеци.Наумов посочува дека врз планот за уакциите ќе има влијание и одлуката на Управниот суд по однос на поднесената тужба од СДСМ за задолжувањата на домашен терен. -Во изминатите години немало толку многу аукции како што се планирани за оваа година, што е доказ Владата очекува дека приходите ќе бидат многу помали од планираните. Има денови кога се закажани нови задолжувања, и покрај тоа што  ден потоа нема раздолжување. Во предизборните месеци се закажани аукции за скоро сите вторници, особено во март кога има 5 аукции. Апелираме, домашните банки  да се однесуваат како странските банки при емисијата на еврообврзницата лани и да бидат внимателни во однос на кредитирањето на дражавата. Ние како СДСМ остануваме на ставот дека сите нови задолжувања кои нема да одат со заеднички потпис помеѓу министерот и дополнителниот заменик министер, може да бидат оспорени. Исто така сметам дека врз овој план за аукции влијание ќе има и одлуката  на Управниот суд кој треба да одлучи по однос на тужбата што ја поднесовме за одлуката на стариот состав на ДИК за ветото за задолжувањата, но и можноста новиот состав на ДИК да ја преиспита одлуката на стариот состав, вели дополнителниот заменик министер за финансии Наумов. Странските банки внимателни при кредитирањето на Македонија Кон крајот на минатата година државата се задолжи со кредит од 39 милиони евра кај германската банка “КFW”. Парите се намаенети за топлификација на Битола, проект кој ќе се реализира преку државната компанија ЕЛЕМ. На потпишувањето на договорот помеѓу македонската Влада и германската  „КFW” банка, на која присуствуваше и заменик-амбасадор на Германија, беше посочено дека  претствани дека парите ќе бидат префрлени директно на оној кој ќе ги изведува работите и само откако работата ќе биде завршена, а дополнително ќе има и меѓународен надзор.Ваквата мерка на внимателност ана германската банка, следува  бидејќи проектот треба да се реализира во изборна година. -Пари воошто нема да бидат исплатувани однапред. Парите ќе одат само кај изведувачот кој ќе изгради цевковод од 12,5 километри од РЕК Битола до градот Битола. Парите нема да се исплаќаат однапред. Како ќе се изведуваат работите потоа ќе се рефундираат парите на рати за активностите што биле изведени. Договорот е меѓу КФВ банката и ќе има меѓународен консултатнт кој ќе врши надзор на сите активности во однос на исплатите, и сите пари ќе одат за имплементација на овој проект, изјави на 29 декември 2015 година, заменик-амбасадорот на СР Германија во Македонија, Ханс Хелге Сендер “ И Светска банка исто како и германската „KFW”, според информациите прави напори нивните пари со кои финансираат проекти во Македонија да не се искористат од страна на Владата за предизборни цели. Од Светска банка треба да биде одобрен кредит во износ од 25 милиони евра, кој што ќе биде намаенет за подобрување на општинските услуги. Бордот на директори на Светска банка за овој заем треба да одлучува после празниците. Инаку одобрувањето на овој кредит еднаш веќе беше одложено . До 2018-та година државата треба да врати 1,1 милјарда евра долг Според последните податоци од министерството за фиансии, јавниот долг заклучно со третиот квартал од минатата година изнесува 3,9 милјарди евра или 43,9 отсто од бруто-домашниот производ. Со фискалната стратегија до 2018-та година,  државата во следните три години треба да врати долг од 1,1 милијарди евра. За  да се врати овој долг, но и за да се покрие дефицитот во буџетот во истиот период, Владата планира да се задолжи за 2 милијарди евра, од кои нешто повеќе од  1 милијарда евра ќе позајми од домашните банки, пензиските фондови и осигурителните компании, а додека останатата сума од околу  950 милиони евра ќе се бара од странските кредитори со издавање на еврообврзници. Според прогнозите, до 2018-та година јавниот долг ќе достигне 5,5 милјарди евра или 52,4 отсто од БДП. Р.Ф

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката