05 Декември, 2025
0.0301

Како најголемите македонски банки ги прават големите пари?

Објавено во: Финансии 13 Октомври, 2015 08:11

Добивај вести на Viber

Стопанска банка Скопје прави 65,6 милиони евра, Комерцијална 60 милиони евра нето приходи од камати, провизии и надоместоци! Нето приходот од камати на „Стопанска банка Скопје“ бил 67 отсто, а кај „Комерцијална банка“ 72 отсто од целиот приход од камати. Сепак иако помалку, послатки се парите од провизии и надоместоци: на „Комерцијална банка“ лани и останале нето приходи 84 отсто од сите приходи од провизии и надоместоци, а кај „Стопанска банка Скопје“ 91,5 отсто од тие приходи. Скапи ли се банкарските услуги во земјава? Најголемите две деловни банки во земјава „Стопанска банка Скопје“ и „Комерцијална банка“ лани заедно направиле над 125 милиони евра нето приходи од камати и од провизии и надоместоци. Ова е сума од која на многумина може да им се сврти во глава, а за многумина од бизнисот ова се недостижни бројки на нето приходи. Но не е така и за големите македонски банкари. Двете банки кои покриваат најголем дел од деловните операции на македонското граѓанство и на деловната заедница во земјава лани успеале да ги зголемат или да ги одржат нивните приходи од камати, провизии и надоместоци. Тоа го покажуваат бројките од нивните ревидирани извештаи за 2014 година објавени на интернет страницата на нашата берза. Воедно и двете најголеми банки лани успеале да ги зголемат и нивните приходи од провизии и надоместоци кои ги наплаќаат на граѓаните и на компаниите за нивните услуги кои се поврзани со кредитирање или со најразлични други плаќања. Споредбата покажува дека оваа ставка иако помала е многу подоходовна на банките. Податоците покажуваат дека бизнисот на „Стопанска банка“ расте и покрај фактичкото намалување на каматите на кредити и на депозити. Кај „Комерцијална банка“ има намалување на вкупните приходи од камати, но нето приходот од камати се намалува во многу помала мерка. Додека целата бизнис заедница генерално оценува дека условите за стопанисување биле потешки или барем не биле подобри, лани во однос на 2013 година големите банки успеале да ги зголемат или да ги одржат нивните деловни потфати, да го зајакнат или одржат своето пазарно учество и да ги зголемат или одржат на солидно ниво своите нето приходи од двете најважни дејности: прво-кредитирањето и второ провизиите и надоместоците што ги наплаќаат од нивните клиенти. BANKI Еве ги и соодносите на приходи и расходи во двете најважни извори на приходи: каматите, па провизиите и надоместоци. Кај „Стопанска банка Скопје“ вкупните приходи од камати лани биле околу 75,8 милиони евра. Од тоа чист односно нето приход од коамати по платените расходи на таа банка и останале околу 50 милиони евра. Оваа банка лани испеала да ги зголеми приходите од камати за неполни 50 милиони денари во однос на 2013 година, но успеала нето приходите за камати да ги зголеми за 230 милиони денари (околу 3,9 милиони евра) затоа што успеала да ги скрати расходите за камати. Згора на тоа нето приходот од надоместоци и провизии изнесува 15,6 милиони евра и со тоа од двете ставки збирот на нето приходи изнесува 65,6 милиони евра. Тоа е 5,4 милиони евра повеќе од 2013 година. Замислете раст и тоа во услови на пад на каматите на кредити и на депозити. Очигледно дека менаџерите на „Стопанска банка Скопје“ ја имаат магичната формула... „Комерцијална банка“ лани оствари вкупен приход од камати во износ од 63,8  милиони евра. Од тоа нето приходот е 45,9 милиони евра. Во споредба со 2013 година нето приходот од главната дејност паднал за 5,5 милиони евра. Но затоа банкарите од „Комерцијална“ биле поагилни и делумно надоместиле кај втората приходна ставка „ провизии и надоместоци“. Нето реализацијата за лани изнесува 14,8 милиони евра и е поголема за 280.000 евра од 2013 година. Збирот на нивните нето приходи од двете ставки лани изнесува 60,7 милиони евра. Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката