30 Април, 2024
0.0316

Како ништо да не се случило, а нè задолжија со половина милијарда евра!

Објавено во: Економија, Колумни 09 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Владата нè задолжи со уште една половина милијарда евра  и никому ништо. Веста помина скоро нерегистрирана кај провладините портали, а и кај опозиционите, поинтересен им беше развојот на политичките настани. Опозицијата дигна нешто врева во парламентот, кој виде на собранискиот канал виде, кој не, и прикаската тука заврши. Се‘ ми се чини дека владата идеално го темпираше терминот за  предизборното задолжување на македонските граѓани. А тоа што беше презентирано е како  да сме земале некое  кредитче од   пет-шест милиони евра и тоа со каматна стапка од 1 до 2%. Ако ништо друго, сега барем нема повеќе да не оптоварува  дилемата, дали сме ниско или средно задолжена економија. Со 500 милиони евра нов долг за   буџетска  поддршка во 2015 и 2016 година и за рефинансирање на обврските што достасуваат за отплата на државниот долг на Македонија влеговме во групата на земји кои трошат раскалашено.   Јапонија функционира дури и со долг од 240% од БДП, меѓутоа, таа остварува суфицит во размената со странство, јенот е меѓународна валута, а голем дел од долгот е од домашни извори. Значи ги има сите оние карактеристики на долгот што ги нема Македонија, „средно задолжената економија“. Во овој контекст, нечесно е сериозно да не се информира јавноста  и да се убедува  дека не е проблем да се задолжиме со дополнителни нови 500 милиони евра, во услови кога јавниот долг изнесува 44% од БДП. И тоа, без притоа да се каже на кој начин ќе ги сервисираме обврските што достасуваат во наредниот период. Да се зајмите со средства за буџетот за 2016 година, во период кога ни следат избори, незначи ништо друго туку поткупување на гласачкото тело, нешто што нема врска со изборниот законик, бидејќи е на линија изборите повторно да ги направат нерегуларни. Не сакам да верувам, но како што тргнале со раскрчмување на  парите во името  „ да им удоволат на граѓаните“ може да им текне сите невработени во државата да ги вработат, бар на година дена. И тогаш, слободно можат  на опозицијата да и дадат сама да го пишува изборачкиот список. За тоа им требаат уште пола милијарда евра, за да ги ангажирираат со минимална плата. Но, што после тоа? За власта тоа не е важно. Битно е да се добијат изборите. Но ајде, и да не биде така, сепак загрижува игнорањето на забрзаното задолжување. Навлеговме во должничката замка кога порастот на долговите  не резултира во повисок економски раст, а дека „ѓаволот ја однел шегата“ потврдува фактот дека со   задолжувањето   пред се‘ се  финансира непродуктивна потрошувачка и се сервисираат порано направени долгови. Во овој контекст, очигледно е дека „бабата лаже“ дека земјата нема проблем со долговите, ама емисијата на обврзица од нови 500 милиони евра не лаже. Уште повеќе што и лани се позајмија 500 милиони евра. Значи и тие не помогнаа  благовремено да се сервисираат годинешните обврски, па мора да се позајмат нови 500 милиони евра  за да се подмират и тие и  обврските  што достасуваат во наредната година. Сигналите и знаците за влошување на политиката на задолжување не се денешни. Присутни се неколку години. Се троши се‘ повеќе, а ефектите од тоа се се‘ помали. Изгубена е врската меѓу растот на вложувањата и динамиката на економскиот раст. Веќе никому не треба да му се објаснува зошто е тоа така, барем од скандалот при донесувањето на буџетот за 2013 година. Потоа, ситуацијата се влоши уште повеќе. Се потврдија критиките дека се позајмува за одржување и зголемување на непродуктивна потрошувачка или за вложувања во неефикасна инвестициона потрошувачка, вклучувајќи не само погрешен избор на приоритети во инвестициите („Скопје 2014“), туку и поради коруптивни постапки и однесувања во трошењето на буџетските средства. Не држи аргументот дека добро е да се повлечат 500 милиони евра сега кога каматните стапки се пониски (бидејќи се очекува да пораснат). Може да биде добро ако предвреме се исплатат поранешни долгови со повисоки камати. Меѓутоа, ако се наменети за буџетска поддржка која не генерира раст за да се обезбеди сервисирање на долгот без ново задолжување, новиот заем само ќе придонесе за зголемување на  јавниот долг. Неговиот забрзан раст во последниве три-четири години упатува на тоа дека неговата развојна компонента е речиси неважна за носителите на економската политика. Со убедување дека долгот не е проблем, власта продолжува да троши се‘ повеќе преку позајмени средства, не водејќи сметка дека со непродуктивното трошење им ги ускратува можностите за развој на идните генерации. Просто е неверојатно по толку многу укажувања дека земјата ја туркаат во должничка криза, властите да не направат  ништо сериозно, дополнителната странска акумулација да се насочи во изградба на капацитети кои ќе можат сами да ги сервисираат обврските спрема странските доверители. Како да не им е јасно дека должничка криза не е само тоа да не можеш да ги сервисираш обврските спрема странство, што ќе ни се случи, доколку не обезбедиме нови кредити. Вистинска економска криза настапува кога  за сервисирањето на поранешните обврски ќе мора да се издвојува повеќе отколку што изнесува растот на БДП. Додека со нови задолжувања се‘уште ги плаќаме досега нерационално потрошените заеми, ги задолжуваме само  идните генерации  и тоа многу не ја засега власта. Вистинскиот проблем ќе настане кога ќе  ни се затворат  кредитните вентили, па долговите ќе мораат да се сервисираат со намалување на трошоците во земјата. Тоа значи дека тогаш ќе нема бегање , ќе мора да се удри по народот, по оној ист народ, во чие има сега оваа власт и се задолжуваа и во чие име ги троши позајмените средства.  Додуша, пред тоа, власта има уште нешто за продажба-ЕЛЕМ, МЕПСО, уште некое не продадено јавно претпијатие, земја за 1 евро и тн. Врз таа основа може да  искористи уште една „тура“ задолжување заради остварување на лични или групни интереси и толку. Само тогаш кој ќе биде тој „маж“ што ќе ја земе обврската да го спасува овој народ. Ве уверувам дека овие што не задолжија, ниту ќе бидат тука (незнам каде ќе бидат) , ниту ќе имаат намера  да се  справат со проблемите, туку одвреме навреме нивните гавази ќе потсетат на деновите како во нивно време се живеело подобро, иако и тогаш како и сега нема да спомнат дека „ маките  кои тогаш ќе ги трпиме “ се последица од нивните „добронамерни политики“, како што впрочем е и последната, кога без срам и перде не задолжија за половина милион евра  и како ништо да не се случило! Д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

Новиот енергетски сектор во Кина е катализатор за создавање работни места на глобално ниво

Новиот енергетски сектор во Кина е катализатор за создавање работни места на глобално ниво

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување