27 Ноември, 2024
0.0260

КАКО РАСТЕШЕ ОСНОВНАТА КАМАТНА СТАПКА НА НБРМ ПО КРИЗИТЕ?

Објавено во: Финансии 09 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

Поледната одлука за зголемување на основната каматна стапка на Народна банка ја икачи каматата на рекордни 6,30 отсто. Повторното затегнување на монетарната политика помина тивко, но фактот дека сега благајничките запии се упишуваат о камат од 6,30 отсто нема да остане незабележана во економијата.

Затегнувањето на монетарната политика не е изненадување, ако се има предвид дека изминативе месеци поголем дел од централните банки на развиените земји имаа сличен пристап, па скоро сите ги зголемуваа основните камати. Сепак, за разлика од НБРМ, последните одлуки на ФЕД и на централната банка на Англија беа да се зачува основната каматна стапка на истото ниво, додека Европската централна банка повторно пристапи кон зголемување на каматата.

-  Одлуката за промена во каматните стапки е условена од најновите податоци и оцени за клучните показатели за монетарната политика, коишто упатуваат на постепена стабилизација, иако сѐ уште постојат ризици. Во согласност со монетарните мерки преземени од крајот на 2021 година наваму, како и намалените притисоци од увозните цени, домашната инфлација и натаму забавува и во август 2023 година на годишна основа изнесува 8,3 отсто. Базичната стапка на инфлација исто така забавува, укажувајќи на значително помали ценовни притисоци од помалку променливите ценовни категории, а во согласност и со постојаното забавување на растот на личната потрошувачка – посочуваат од НБРМ.

Од Народна банка појаснуваат дека во однос на светските цени, и натаму се очекува нивно намалување, при поголема надолна корекција, во споредба со претходните оцени. Сепак, додаваат дека домашната инфлација и натаму е на релативно високо ниво, што претставува ризик за инфлациските очекувања.

-  Овие аспекти, заедно со непредвидливоста на светските пазари заради војната во Украина, налагаат потреба од натамошна претпазливост во водењето на монетарната политика. Со оглед на применуваната монетарна стратегија, при носењето на монетарните одлуки се зема предвид и поставеноста на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), којашто на последната седница повторно ги зголеми каматните стапки заради натамошно стабилизирање на инфлацијата во еврозоната – потенцираат од НБРМ.

Анализа на движењето на каматата на благајничките записи покажува дека последен пат волку висока била во мај 2010 година, точно 6,24 проценти, по што почнува постепено и постојано да се намалува. На почетокот на 2020 година камата паѓа на два проценти, по што следува период на најниските камати на благајничките записи во нашата историја. Веќе во март 2021 година таа се намалува на 1,25 проценти и се задржа на таа висина една година до март 2022 година. Веќе од април 2022 година каматите почнуваат да растат секој месец некогаш за 0,25, а некогаш и до 0,75 процентни поени.

Еве ја листата на движење на основната камата низ годините, од 2002 година наваму.

П.О.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФЕД НАЈАВУВАА НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ - НО ПОСТЕПЕНО: еве што значи тоа

ФЕД НАЈАВУВАА НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ - НО ПОСТЕПЕНО: еве што значи тоа

ЗА БАНКАРИТЕ И ФОНДОВИТЕ НЕМА ЗИМА, ДРЖАВАТА СЕ ЗАДОЛЖУВА И ПЛАЌА ДОБРИ КАМАТИ - нови обврзници од 90 милиони евра

ЗА БАНКАРИТЕ И ФОНДОВИТЕ НЕМА ЗИМА, ДРЖАВАТА СЕ ЗАДОЛЖУВА И ПЛАЌА ДОБРИ КАМАТИ - нови обврзници од 90 милиони евра

ПАДНАА ЦЕНИТЕ НА КОПАОНИК: Еве колку чини да стасате до скијалиштето

ПАДНАА ЦЕНИТЕ НА КОПАОНИК: Еве колку чини да стасате до скијалиштето

ФИЛИПЧЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Не е точно дека е со историски најниска камата

ФИЛИПЧЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Не е точно дека е со историски најниска камата

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

КОЛКАВИ СЕ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ? Еве кој зема највисока и каде

КОЛКАВИ СЕ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ? Еве кој зема највисока и каде

НИНА НЕДАНОСКА, ШПАРКАСЕ БАНКА, ЗА ФАКТОР: Се вклучуваме во пласирање на средствата од унгарскиот заем, така ќе градиме долгорочно партнерство со нашите клиенти

НИНА НЕДАНОСКА, ШПАРКАСЕ БАНКА, ЗА ФАКТОР: Се вклучуваме во пласирање на средствата од унгарскиот заем, така ќе градиме долгорочно партнерство со нашите клиенти

БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМИ ПРИЛИВИ ВО ДРЖАВНАТА КАСА – аналитичарите со забелешки за Буџетот за следната година

БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМИ ПРИЛИВИ ВО ДРЖАВНАТА КАСА – аналитичарите со забелешки за Буџетот за следната година

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот