Добивај вести на Viber
Сите зборуваат за руските олигарси како поради кризата во Кипар, така и поради смртта на Борис Березовски во Велика Британија.
И луѓето ќе продолжат да зборуваат. Но, пред да видиме како ќе се развиваат настаните од „Business Insider“ направија преглед кои се руските олигарси и како станаа толку богати?
Олигарсите се производ на приватизацијата на државните компании по распадот на Советскиот Сојуз. Руската економија била во хаос и владата сакала да ги распредели лошо менаџираните државни компании од многу сектори, пишува „Business Insider“.
Во 1994 година од „Онексим банка“ му нудат на Борис Елцин и на неговата администрација план за собирање на средства, наречен „заеми против акции". Руските банки давале на заем пари на Владата за привремени акции во државните компании. Ако владата не успее да плати своите обврски, банките ќе ги задржеле своите удели.
Се разбира, Владата не успеала да си ги исплати обврските и оние кои во тоа време располагале со доволно капитал за да ја искористат ситуацијата, станаа многу богати. Како што е на пример претседателот на Онексим Банка - Владимир Потанин.
Рускиот народ овој процес на приватизација го нарекува „разграбување“. Кога се правеле аукции, било забрането учество на странски инвеститори.
Онексим банка, на пример, организира аукција за 38% од Нирлиск Никел (производител на платина и на четвртина од светската продукција на никел). Тие заработиле сума од 171 милиони долари, само со 100 000 долари над минималната понуда. Друга банка била подготвена да плати двојно повеќе, но била дисквалификува од учество, бидејќи ја дала својата понуда подоцна.
Акции во Лукоил и Јукос се продадени за суми кои според западните аналитичари се само мал дел од нивната вредност. Кога продаджбата завршила, Владата добила само 1 милијарда долари или половина од она што се очекувало. Кога иницијативата "заеми против акции" почнала, Борис Березовски веќе бил доста богат.
Тој станал уште побогат во секторот за продажба на автомобили. Во 1994 година возачот му загинува кога во неговиот автомобил е поставена бомба.
Истата година Березовски го сретнува својот партнер Роман Абрамович, кој во тоа време не бил во најбогатите (денес тој е 7-от најбогат во Русија). Двајцата се запознале на јахта на нивен пријател на Карибите и разговарале за тоа како може да имаат корист од ситуацијата. Било одлучено дека Абрамович ќе надава, а Березовски ќе го користи своето влијание за да се увери дека Абрамович ќе победи на тендерите. Немало потпишани договори за оваа соработка. Поради ова, Березовски подоцна поднесува тужба против Абрамович и побара 5 милијарди долари од него. Тој тврдеше дека Абрамович го уценил да му ги продаде своите акции во Сибнефт за минимална цена.
Березовски го загуби случајот, а финансиската положба во последно време не му беше најдобра. Денес Роман Абрамович има 13.4 милијарди долари, Михаил Прохоров има 13.1 милијарди долари, Алишер Усманов има 21.1 милијарди долари.
Заклучокот овде е јасен- подобро е да си на право место во право време, пишува Инсајдер.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.