Како се менаџира правниот ризик во банкарството?
Објавено во: Финансии 14 Октомври, 2014 08:40
Правниот ризик е дефиниран како ризик од загуба за одредена организација кој е предизвикан од погрешно структуирана и извршена трансакција, побарување насочено кон организацијата кое резултира со нејзина одговорност за исплата, пропуштање да се преземат соодветни мерки за заштита на средствата или усогласеност со законските прописи и промена во законските прописи.
Пишува Ирена Чупона – Стопанска банка а.д. Битола
При организирање на системот за управување со правни ризици, Банката пред се мора да обезбеди легитимитет на својата дејност во сите сфери, да се осигура дека нејзините легитимни интереси во времето на потпишување и извршување на договори се исполнети, како и да се воспостави легитимна рамка за односите помеѓу Банката и вработените. Банката, исто така треба да се осигура дека законите за работни односи, бизнис и корпоративна етика се почитуваат како од нејзина страна така и од страна на нејзините вработени. Оттука, како клучни цели за воспоставување на системот за управување со правни ризици се издвојуваат: организирање на унифициран начин на управување со правни ризици, вклучување на сите вработени во процедурите за управување со ризик, воспоставување заеднички принципи за идентификација како и оценка и контрола врз правни ризици. Наспроти клучните цели кои мора да бидат водилка на секој банкарски менаџмент , без почитувањето на основните принципи за организација на системот за управување со правни ризици овој ризик и тоа како може да предизвика сериозни последици врз профитабилното работење на банката. Како главни основни принципи на управувањето со правните ризици се издвојуваат: утврдување постапка за идентификување, оценување, воспоставување на прифатливо ниво на правните ризици и следење на ниво на правни ризици, развивање на сет на мерки насочени кон одржување на прифатливо ниво на правни ризици, утврдување постапка за управување со правни ризици во банкарството, вклучувајќи интернет банкарство како и доделување на овластувања и одговорности помеѓу органите на управување и извршните тела. Со оглед на споменатите принципи, Банката мора да користи методи со цел минимизирање на нивото на правни ризици преку стандардизирање на банкарското работење и другите трансакции со законската и подзаконската регулатива како и воспоставување на систем на акти одобрени од страна на надлежен орган на Банката, анализирање на влијанието на факторот на правни ризици (како целина и во согласност со нивната класификација), овозможување на вработените пристап до најновите информации за законодавството и сл. За да банката успешно се справи со правните ризици, системот на управување го организира во три фази. Првата е прелиминарната фаза и таа претставува систем на административни, организациски и финансиски мерки за спречување на појавата на правни ризици пред Банката да влезе во договорен однос. Овој систем, вклучува и мерки за спречување на кривични дела од страна на вработените во Банката. Втората фаза е тековната фаза која се состои од идентификување, анализирање и оценување на новите ризици, како и тековно следење на нивото на правни ризици, додека третата фаза се состои од анализа на недостатоците во организацијата на системот кои довеле до појава на ризици, препораки за насочување на тоа и контрола врз нејзината ефикасност. Со цел спречување на појавата на правните ризици, Банката пред се мора да развие транспарентено и соодветно управување, односно да се исклучи неквалитетното управување со ризиците. Воедно да се воспостават услови за: квалификација на своите вработени за да се избегнат нестручни и неоправдани активности, да се обезбеди систем за корисниците за пристап до потребните правни информации со помош на специјализирани правни програми и да се здобијат со потребните правни информации за потребите на правниот оддел, да се обучуваат вработените како да можат да ги идентификуваат и анализираат клиентите, пред сè оние ризичните, како и работењето со високо ризични трансакции и сл. Исто така да се организира систем на развој, усвојување и одобрување на стандардни договори и трансакции кои ќе ги задоволат барањата на правната заштита на интересите на Банката. Да се воспостават услови за координација на активностите на стручните служби со правната служба и Службата за усогласеност со прописите и да се воспостави процедура за поттикнување на вработените во зависност од нивото на нивните квалификации и обемот на работа и нивото на нивниот ангажман во управување со правните ризици. Со цел да се спречи проневера и злоупотреба, Банката мора да користи рестриктивни мерки (ограничени пристапи, потпишување на договори за целосна финансиска одговорност во релевантни вработени, ограничен број на ресурси, итн.), континуирано да врши контрола на професионалната способност на своите вработени, тековната контрола врз интегритетот, ревизија (попис), контрола во врска со прашањето на средства за навремено откривање на проневера и злоупотреба. Сите овие мерки мора да бидат во функција, затоа што менаџирањето со правниот ризик воопшто не е помалку битен од кредитниот, каматниот или девизниот ризик во банкарството.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





