Како Трамп би ја решил кризата со Северна Кореја?
Објавено во: Свет 09 Септември, 2017
По шестиот и најсилен нуклеарен тест извршен минатата недела од Северна Кореја, САД повикаа на наметнување на најтешки можни санкции.
Доналд Трамп, и како претседателски кандидат и како американски претседател, досега изнесе три предлози за решавање на корејската криза: воена акција против Северна Кореја, економско казнување на нејзината сојузничка Кина и директни преговори.
Експертите предупредуваат дека САД немаат многу добри опции кои може да ги преземат без Кина, која пак не ги поддржува мерките кои би го турнале севернокорејскиот режим до точка на колапс. Кина досега заговараше план за „двојно замрзнување“ на севернокорејската нуклеарна програма во замена за прекин на заедничките американско-јужнокорејски воени вежби, што Вашингтон го отфрли.