06 Јули, 2024
0.0295

КАКО „ЗАМРЗНАТИОТ“ ЗЕЈТИН ВЛИЈАЕШЕ ВРЗ ПРОФИТОТ НА „ВИТАМИНКА“ - благо намалени приходи, но и раст на нето добивката за деветте месеци

Објавено во: Економија 02 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

И прилепска „Витаминка“ ги објави финансиските извештаи за првите девет месеци од годинава. Тие говорат за намалени приходи, но уште поголем процент на намалување на расходите, и зголемена добивка во однос на истиот период минатата година.

Или, од своето работење „Витаминка“ остварила чист профит од 372 илјади евра за првите три квартали од годинава, што е раст за 16 отсто во однос на истиот период лани.

Од своето производство на чоколади, смоки и зејтин, прилепската компанија лани реализирала вкупни оперативни приходи од близу 40 милиони евра, што во однос на истиот период лани е намалување за 14 проценти.

Инаку, „Витаминка“ од Прилеп во своето образложение до Берзата за својот финансиски резултат дава една многу внимателно срочена информација дека во изминатиот деветмесечен период морала да ги почитува мерките на Владата за замрзнување на цената на зејтинот.

А, како што е познато, цената на овој производ, заедно и со уште неколку други, беше замрзната од средината на март оваа година.

„Во деветмесечието од 2023 година се преземени соодветни активности во поглед почитување на мерките за продажба на сончогледово масло за јадење“, објаснуваат од „Витаминка“.

Како што е познато, оваа компанија го презеде производството на познатиот бренд масло за јадење „Брилијант“.

Инаку, најголем дел од остварените оперативни приходи отпаѓаат на приходи од продажба, дури 99 проценти, и притоа од приходите од продажбата на домашниот пазар се остварени 24,4 милиони евра, што е намалување за 22 отсто во однос на истиот период лани. Одличен приход е остварен и од продажбата на странскиот пазар, и тоа дури 15 милиони евра, што е раст за два пшроценти во однос на истиот период минатата година.

Кога станува збор за расходната страна, оперативните трошоци на компанијата биле на ниво од 37 милиони евра, што е намалување за 23 проценти во однос на истиот период лани.

Од компанијата велат дека висината на вкупните расходи е во корелација со работењето во деветмесечието од 2023 година.

Од еасходите највисока ставка е онаа за трошоци за суровини и материјали, за што се направени расходи од 23,3 милиони евра, но тие се значајно намалени во однос на истиот период лани и тоа за 31 процент.

А, расходна ставка која има најголем раст се трошоците за вработените, каде порастот е за 19 отсто. Односно, компанијата во првите девет месеци од годинава за своите вработени потрошила 5,7 милиони евра, што е добар показател и значи дека компанијата или има нови вработувања, или им ги зголемила платите на своите врабнотени.

Кога станува збор за финансиските приходи, тие биле речиси преполовени, додека, пак, кај финансиските расходи има пораст од дури 64 проценти во однос на истата временска отсечка од минатата година.

„Трендот на вкупниот приход на друштвото не е лош, но сепак неблагодарно е да се предвидува во услови на голема макроекономска нестабилност. Воениот конфликт во Украина, новиот воен конфликт во појасот Газа, умерената инфлација, секојдневните варијации на цената на суровата нафта и геополитичката состојба и понатаму е непозната. Оперативниот тим на друштвото води посебна грижа за готовинскиот тек. Раководството на Друштвото внимателно ги разгледува тековните пакет мерки донесени од Владата со цел амортизирање на негативните ефекти на континуираното деловно работење, предизвикани од воените и економските кризи. Компанијата внимателно ја планира својата тековна ликвидност и оперативните активности кон новонастанатата ситуација“, се вели во образложението од прилепска „Витаминка“.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ВО ДРЖАВНАТА КАСА КАКО ДА ПОМИНАЛО ЦУНАМИ, ВО КАТАСТРОФАЛНА СОСТОЈБА Е“: Опустошена е, вели Мицкоски

„ВО ДРЖАВНАТА КАСА КАКО ДА ПОМИНАЛО ЦУНАМИ, ВО КАТАСТРОФАЛНА СОСТОЈБА Е“: Опустошена е, вели Мицкоски

ШЕСТДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Стапува законот во Грција, работникот ќе добие 40 проценти повисока плата, а не смее да работи повеќе од 8 часа

ШЕСТДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Стапува законот во Грција, работникот ќе добие 40 проценти повисока плата, а не смее да работи повеќе од 8 часа

УЈП: Регистрирана првата странска компанија за целите на ДДВ преку даночен застапник

УЈП: Регистрирана првата странска компанија за целите на ДДВ преку даночен застапник

ПОСКАПЕ КАКАОТО: Се зголеми и цената на чоколадите во повеќе земји

ПОСКАПЕ КАКАОТО: Се зголеми и цената на чоколадите во повеќе земји

ПРОМЕНИ ВО ИТАЛИЈА: Колкава е стапката на невработеност?

ПРОМЕНИ ВО ИТАЛИЈА: Колкава е стапката на невработеност?

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Koлку германски компании го практикуваат ова?

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Koлку германски компании го практикуваат ова?

ВО МАКЕДОНИЈА ИМАМЕ ПОВЕЌЕ НЕВРАБОТЕНИ ОТКОЛКУ ВО ХРВАТСКА - во „морската“ држава сѐ повеќе се бараат работници

ВО МАКЕДОНИЈА ИМАМЕ ПОВЕЌЕ НЕВРАБОТЕНИ ОТКОЛКУ ВО ХРВАТСКА - во „морската“ држава сѐ повеќе се бараат работници

ЧИПОВИТЕ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ГИ „КАТАПУЛТИРАА“ РЕЗУЛТАТИТЕ НА SAMSUNG: Компанијата очекува уште една добра година

ЧИПОВИТЕ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ГИ „КАТАПУЛТИРАА“ РЕЗУЛТАТИТЕ НА SAMSUNG: Компанијата очекува уште една добра година

ПЛАТЕТЕ ГО ВЕДНАШ ДОСПЕАНИОТ ДАНОК ПО ДЛД-ГДП ЗА 2023 ГОДИНА И ИЗБЕГНЕТЕ ПРИСИЛНА НАПЛАТА ОД УЈП!!- се огласија од даночната администрација

ПЛАТЕТЕ ГО ВЕДНАШ ДОСПЕАНИОТ ДАНОК ПО ДЛД-ГДП ЗА 2023 ГОДИНА И ИЗБЕГНЕТЕ ПРИСИЛНА НАПЛАТА ОД УЈП!!- се огласија од даночната администрација