01 Ноември, 2024
0.0817

Каков е профилот на просечниот трговец и потрошувач во Србија?

Објавено во: Балкан 14 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Иако српските трговци се најдобрите во регионот, според истражувањето на хрватската компанија „Хераклеја", купувачите , сепак, не се задоволни, пишува Rts.rs. Оние кои се впуштаат во трговијата какао привремено решение обично не се заинтересирани за потребите на клиентите и  не ги знаат основните лекции за трговија како што е љубезноста, велат од организациите за заштита на потрошувачите. Затоа, велат тие, Србија нема трговци туку само продавачи. Трговците во Србија имаат најмногу слух за за потребите на потрошувачите, покажа анкетата на хрватската „Хераклеја" која се спроведе во шест земји од поранешна Југославија. Сепак од другите особини на српските трговци, Србите не се задоволни. За купувачот повторно да се врати во продавницата треба да се чувствува добро и достоинствено, без разлика колку планира да потроши. „Ние имавме училиште за трговци, кое траеше две години, се разбира, тоа не беше факултет, но луѓето беа едуцирани, особено оние кои  продаваа техника, текстил и оние кои продаваа храна, така што потрошувачот во тие времиња можеше да добие одредено ниво на комуникација од трговците, кое ние сега за жал го немаме ", вели Вера Вида од Центарот за заштита на потрошувачите. Според Martin Петровиќ, ПР на  „Делез", српскиот пазар  е специфичен поради високата инфлација и големиот број на пензионери, но и поради тоа што сите веќе купуваат на кредит. Ќе биде подобро ако нивната понуда се прави под влијание на поголема конкуренција, која што сега ја нема, вели новинарот Стефан Деспотовиќ кој работи на теми поврзани со потрошувачите. Ниту пристапните цени, попусти, промоции и рекламирање не успеаја да го променат профилот на просечниот српски купувач кој на пазар оди со список, најважна му е цената, сака познати брендови, но се повеќе нив ги заменува со нови и поевтини, заклучува РТС.  

Можеби ќе ве интересира

СПАСУВАЧИТЕ ИЗВАДИЈА ТИНЕЈЏЕРКА ОД УРНАТИНИТЕ ВО НОВИ САД: Друга жена е заглавена и со неа комуницираат за да ја извлечат

СПАСУВАЧИТЕ ИЗВАДИЈА ТИНЕЈЏЕРКА ОД УРНАТИНИТЕ ВО НОВИ САД: Друга жена е заглавена и со неа комуницираат за да ја извлечат

ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРАЛЕ ДЕКА НАТСТРЕШНИЦАТА ВО НОВИ САД Е НАПУКНАТА: Инженер даде мислење дали има пропуст и каде

ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРАЛЕ ДЕКА НАТСТРЕШНИЦАТА ВО НОВИ САД Е НАПУКНАТА: Инженер даде мислење дали има пропуст и каде

НОВИ САД: Најмалку осум загинати oткако се урна натстрешница на Железничката станица

НОВИ САД: Најмалку осум загинати oткако се урна натстрешница на Железничката станица

СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!

СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот