19 Декември, 2025
0.0495

„КАКОВ ШАМАР ЗА СИТЕ ШТО ПОВЕРУВАА ВО ПРИКАЗНИТЕ НА ЗАЕВ И ДИМИТРОВ ДЕКА СО ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР СЕ РЕШИ СПОРОТ СО ГРЦИЈА“: Мојсовска за изјавата на грчката европратеничка

Објавено во: Македонија 09 Јули, 2025 12:10

Добивај вести на Viber

Своевиден скандал за нас во Европскиот парламент, при расправата за Извештајот на Томас Вајц за нашата земја, вчера предизвика грчката европратеничка Афродити Латинопули од десничарската група Патриоти за Европа (ЕФП), која истакна дека таа е „вистинска горда Македонка“, а не „лажна како жителите на Скопје“. Таа ги поддржа и бугарските ставови за македонскиот идентитет и јазик, порачувајќи дека пристапувањето на земјава кон ЕУ „нема да се случи ниту на сон“. 

Спротивно од Латинопули, нејзиниот сонародник Константинос Абванитис од групата Левица оцени дека напредокот во пристапувањето треба да зависи од исполнување на Копенхашките критериуми и изрази надеж дека Европската комисија „ќе покаже иста ревност кон Западниот Балкан, како што покажува кон Источна Европа“.  

Со негативен став кон нас, очекувано, настапија и бугарските европратеници, како Ивајло Валчев, Станислав Стојанов, потоа Андреј Ковачев и останатите бугарски пратеници кои учествуваа во дебатата. 

Со реакција за Латинопули  се огласи Јована Мојсоска од Левица.

Грчка европратеничка во Европскиот парламент: ,,Македонија е Грција, Скопје е бугарска националност, а ако сакате пристап во ЕУ, мора да ја ревидирате историјата."

Каков ШАМАР за сите оние кои поверуваа во приказните на Заев и Димитров дека со Преспанскиот договор се реши спорот со Грција и се цементира македонскиот идентитет.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината