КАКВА ИРОНИЈА: Кои се набрканите „Кинези“?
Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2020 06:28
Кои се странските државјани кои вчера беа навредувани и на кои скопјанец им викаше да си одат од земјава поради корона вирусот? Јавноста беше згрозена од односот на овој граѓанин, граѓаните побараа да одговара а и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов самиот им се извини за ксенофобичните изјави.

Тие впрочем и не се од Кина туку од Јужна Кореа. Вчера уште пред инцидентот односно во текот на денот градоначалникот на Свети Николе Сашо Велковски објави фотграфии со истите луѓе. Тие се дел од невладина организација и во Македонија одржуваат работилници на тема Мир, толеранција и меѓусебно разбирање.

„Денес основните училишта во Свети Николе беа посетени од тим на невладината организација “Heavenly Culture World Peace Restoration of Light (HWPL)“ од Сеул, Јужна Кореа. Одржаа работилници на тема ,,Мир, толеранција и меѓусебно разбирање“ со ученици од 7,8,12 и 13 години и ги наградија учениците со подароци.
Исто така при посетата беа договорени понатамошни активности кои ќе се развиваат со меѓусебна соработка, стои во објавата на градоначалникот.

А.Т.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




