26 Октомври, 2024
0.0293

Каква порака прати младиот директор што по берзански цени плати 73.000 евра за акции на „Гранит“?

Објавено во: Економија 12 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Потегот на Милковски помладиот е пример за добра корпоративна практика на млад менаџер. Со него праќа порака дека верува во компанијата со која раководи. Затоа што плаќа негови пари за акции во компанијата со која раководи и при тоа плаќа фер по пазарна цена формирана на Македонската берза.

Зоран Милковски купи 3.337 акции со право на глас во фирмата со која раководи. Акциите во македонскиот градежен гигант „Гранит“ Милковски ги плати по пазарна цена и ги купи на Официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност. Со оглед на тоа дека пазарната цена на акцијата на „Гранит“ во тој период беше над 1.300 денари Милковски за сите сови нови акци плати над 73.000 евра.

Потегот на Милковски помладиот е пример за добра корпоративна практика на млад менаџер. Со него праќа порака дека верува во компанијата со која раководи. Затоа што плаќа негови пари за акции кои, најважно, ги плаќа по пазарна цена. Пораката што ја праќа до сите актуелни акционери, но и до потенцијалните инвеститори е дека акцијата на „Гранит“ вреди, дека е потенцијал и дека оваа компанија има иднина. Па, има ли подобра потврда за тоа од тоа што нејзиниот директор и најголем поединечен акционер купува акции во пазарни услови.

Милковски на СЕИ НЕТ системот во два наврати објави дека купил акции во „Гранит“. Вкупно во двете објави се купени 3.337 акции со право на глас. Тоа е 0,11 отсто од сите акции со право на глас во „Гранит“. Со тие акции Зоран Милковски управува 9,78 отсто од акциите.

Неговата сестра Ивана Милковска – Симева е втор најголем поединечен акционер кој контролира 9,3 отсто од гласачките права во компанијата. Трет најголем акционер е српската фирма „Бард-Коп“ од Белград.

Во сопствен откуп „Гранит“ чува 9,81 отсто од акциите. Се додека се со статус сопствен откуп тие акции согласно македонскиот закон немаат право на дивиденда ниту пак носат право на глас. Токму заради овие две карактеристики тие акции популарно се нарекуваат „стерилизирани“. Македонските компании кои чуваат акции во сопствен откуп тоа го прават со цел да се заштитат од берзански шпекулации и од обиди за непријателско превземање.

„Гранит“ освен што е голема македонска градежна компанија е акционерско друштво кое има релативно уситнета акционерска струкура односно има голем број домашни акционери. Поточно според последните податоци „Гранит“ има околу 3.700 акционери – домашни физички лица. Тие поседуваат над 70 отсто од сите акции со право на глас во „Гранит“.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

БАНКРОТ НА ПОЗНАТ ЈАПОНСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ТЕЛЕВИЗОРИ: Долгот на компанијата е три милијарди долари

БАНКРОТ НА ПОЗНАТ ЈАПОНСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ТЕЛЕВИЗОРИ: Долгот на компанијата е три милијарди долари

„БЛУМБЕРГ“ ТРДИ: Европа не може да се ослободи од зависноста од рускиот гас

„БЛУМБЕРГ“ ТРДИ: Европа не може да се ослободи од зависноста од рускиот гас

МАКЕДОНИЈА Е НА ДНОТО ВО РЕГИОНОТ: Имаме најниски плати

МАКЕДОНИЈА Е НА ДНОТО ВО РЕГИОНОТ: Имаме најниски плати

ХРВАТСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ ЌЕ РАБОТАТ СО ПОЛНО РАБОТНО ВРЕME: Но, има еден услов

ХРВАТСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ ЌЕ РАБОТАТ СО ПОЛНО РАБОТНО ВРЕME: Но, има еден услов

БОЖИНОВСКА НА СРЕДБА СО ЈАПОНСКИОТ АМБАСАДОР: Зборуваа за соработка во областа на енергетиката, рударството и развојот на минералните суровини

БОЖИНОВСКА НА СРЕДБА СО ЈАПОНСКИОТ АМБАСАДОР: Зборуваа за соработка во областа на енергетиката, рударството и развојот на минералните суровини

СКОПЈАНИ СЕ ЖАЛАТ – РАДИЈАТОРИТЕ ЛАДНИ, СТАНОВИТЕ УШТЕ ПОЛАДНИ: почетокот на грејната сезона со стари проблеми, надлежните уверуваат „работиме согласно правилата“

СКОПЈАНИ СЕ ЖАЛАТ – РАДИЈАТОРИТЕ ЛАДНИ, СТАНОВИТЕ УШТЕ ПОЛАДНИ: почетокот на грејната сезона со стари проблеми, надлежните уверуваат „работиме согласно правилата“

ШТО ЈА „СТОПИ“ ДОБИВКАТА НА „ТЕТЕКС“ И КАКО ДИВИДЕНДИТЕ ГО СПАСИЈА ОД ЗАГУБА - комбинатот остана со третина од профитот

ШТО ЈА „СТОПИ“ ДОБИВКАТА НА „ТЕТЕКС“ И КАКО ДИВИДЕНДИТЕ ГО СПАСИЈА ОД ЗАГУБА - комбинатот остана со третина од профитот

ИНТЕРВЈУ ПЕТАР ЛАЗОВСКИ, МАСИТ: На нашата Годишна конференција треба да дојдат сите што се заинтересирани за иднината на AI во бизнисот и во здравството

ИНТЕРВЈУ ПЕТАР ЛАЗОВСКИ, МАСИТ: На нашата Годишна конференција треба да дојдат сите што се заинтересирани за иднината на AI во бизнисот и во здравството

ТРГОВЦИТЕ ГО ПРЕТЕРАА: Алчни се, се обидуваат да заработат на грбот на народот

ТРГОВЦИТЕ ГО ПРЕТЕРАА: Алчни се, се обидуваат да заработат на грбот на народот