22 Ноември, 2024
0.0295

Каква судбина ги чека автопатите Миладиновци-Штип и Кичево Охрид?

Објавено во: Економија 24 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Сопирањето на изградбата на двата автопати на исток и запад ќе ги доведе во прашање работните места на околу 1.500 работници од домашните подизведувачи што работат на изградбата, предупредуваат градежните компании. Македонските подизведувачи алармираат дека застојот на градежните работи е сериозна закана за компаниите. Градежниците бараат итно да се најде решение како да продолжи изгрaдбата, оти тоa е важно за работниците да се вратат на работа.

„Некој треба да биде заштитен и во овој смисол. Значи не само да се запираат изградбите туку треба да мисли некој и на оние фирми кои работат и кои егзистираат и луѓето кои земаат плата од тоа. Ние не сме во сотојба да побараме одговорност, можеме да сугерираме и да даваме предлози, а доколку најдеме дека постои некоја аномалија во нашиот сектор, сигурно дека ќе ја ставиме на маса и ќе побараме решение.“,вели Андреја Серафимовски од Здружението за градежништво.

Пред неколку дена поради задоцнети плати и придонеси, работници од автопатот Охрид - Кичево излегоа на штрајк, револтирани што компанијата Викторија Инвест ДОО од Елбасан што учествува во изградбата повеќе од два месеци не им исплатила плати.

Нема одговор кој треба да понесе одговорност за направените пропусти во реализацијата на автопатите. Засега нема ниту информација колку направените пропусти ќе ја зголемат цената на изгардбата на автопатите Миладиновци –Штип и Кичево-Охрид. Според За причината за пропустите Фактор побара став и до кинеската компанија „Синохидро“, не добивме одговор. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески вели дека рокот за изградба е пробиен, што значи дека  ќе треба да се склучи дополнителен анекс договор со кинеската компанија „Синохидро“. Со многу поголеми проблеми се соочува изведбата на автопатот Кичево – Охрид.

„Во најбрз можен рок согласно анализата која се изготвува ќе излеземе и ќе соопштиме кои се натамошните цели, имајќи предвид дека таму е вклучено и Специјалното јавно обвинителство со отворање одредени предмети поврзани со изградбата на патиштата. Не би се врзувал ниту со рок колку што е битно да излеземе со едно квалитетно решение имајќи предвид дека конкретно за Миладиновци-Штип се бара анекс договор и рокот за изгардба е поминат, и имајќи предвид она што значи процент на изведба на работите на автопатот Кичево-Охрид, не би сакал да се врзувам со рокови. “,  изјави Сугарески.

Каде е грешката?

Според градежните експерти, во обид што побрзо да се почне со проектот, се направиле низа пропусти кои сега може скапо да ја чинат државната каса. Дел од сообраќајните инженери кои учествувале во изградбата, велат дека најголемата грешка, е во геодетските истражувања со кои иако требало не се предвидела специфичноста на земјиштето на теренот. Упатените во надзорот посочуваат дека дел од делниците утврдил нестабилни косини, а дополнително шест клучки се изведуваат на автопатот Кичево-Охрид  иако не биле дел од проектната документација, што вредноста на изградбата ќе ја зголеми за дополнителни 30 милиони евра, сума која не е предвидена во првичниот договор со кинеската компанија. Токму ова ќе доведе до поскапување на реализацијата, според неофицијални проценки за  околу сто милиони евра. Сепак точна сума на штетата ќе се знае по ревизијата на целиот проект. Ревизијата од Министерството за транспорт и врски ќе треба да утврди и колку од објектите што сега се наоѓаат на трасата на автопатот, почнале да се изведуваат по потпишувањето на договорот со кинеската компанија за изградба на автопатот, со цел да добијат обесштетување од државата заради нивна дислокација.

„Се работи за крајно специфичен терен. Имаме на мали растојанија тотално сосема различни геолошки структури кои предизвикуваат промени во одредени решенија кои биле предвидени во текот на проектирањето“, вели универзитетскиот професор  Горан Марковски.

СЈО отвори истрага за изградбата на двата автопати

Во предистражната постапка на Специјалното јавно обвинителството во предмет „Траекторија“, СЈО обелодени дека за над 155 милиони евра високи функционери на ВМРО ДПМНЕ го оштетиле Буџетот со договорот за изградба на автопатите Кичево –Охрид и Миладиновци –Штип. Од СЈО обвинија дека изборот на кинеската компанија „Синохидро“ бил наместен. Се сомничат четири лица за злоупотреба на службена положба и овластување, односно за местење на тендер за избор на фирма изведувач на автопатите. Првоосомничен е лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, но меѓу другите се поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, вицепремиерот Владимир Пешевски и уште еден висок функционер од ВМРО ДПМНЕ. 

Сите учествувале во местење на тендерот и незаконски ја избрале кинеската компанија „Синохидро“ да ги гради делниците. Предистражната постапка на СЈО покажала дека во втората половина на 2012 и 2013 иако имало понуда од уште една кинеска компанија со пониска цена, сепак изборот паднал на „Синохидро“, со што е прекршен Законот за јавни набавки.  Предистражната постапка на СЈО покажала дека 4 службени лица во изборот на компанија изведувач ја избегнале процедурата за избор на кинеската Влада и на ЕКСИМ банка како заемодавач. Изборот требало да го направат според домашното законодавство и да достават документација до кинеската Влада која пак ќе ја достави до кинеските компании за кои постои регистар, но тие постапиле спротивно на процедурите и понудите ги пратиле до кинеските компании. Министерот Сугарески не сакаше да прецизира какви податоци побарало СЈО од неговото министерство во врска со отворената истрага за предметот „Тракторија“.

Инаку изградбата на двете делници беше најавена на голема врата  како најголем инфраструктурен проект, но од старт беше пропратена со низа контроверзии, кои отворија сомнежи околу начинот на кој е избрана фирмата до вистинската сума што ќе потроши за изградбата. Па така пред две години на веб страната  на кинеската компанија, сумите предвидени за изградбата на овие два патни правци беа за околу седум пати пониски од оние кои ги договорила Владата. За договорот за изградба на патиштата се изготви посебен закон. За изградба на двата автопатишта Владата зема кредит од 580 милиони евра од кинеската „Ексим банка“, со рок на  отплата од 20 години, пет години грејс период и 2 % каматна стапка. Владата со пари од буџетот учествува со 10 отсто.Синохидро е главен изведувач,а како подизведувачи за Кичево -Охрид Гранит и Трансмет а за Миладиновци – Штип се  Гранит – Бетон. Автопатот Скопје – Свети Николе – Штип  чини 206 милиони евра е во должина од 53 километри,  а автопатот на делницата Кичево-Охрид  е вреден 374 милиони евра и долг 56,7 километри.

Т.С

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria