Каква тајна крие течната жива пронајдена под мексиканската пирамида?
Објавено во: Мои пари 03 Мај, 2015 20:05
Теотивакан, еден од најголемите градови на претколумбовска Америка, со децении ги збунува научниците. Дали тие сега се на прагот на откритие на мистериозни ритуали кои во него ги изведувале или некои од владарите кои се во него погребани?
Археолозите откриле течна жива на крајот на тунелот под мекисканска пироамида, што е откритие кое укжува на постоење на кралска гробница или ритуални простории далеку под еден од најдревните градови во Централна Америка.
Мексиканскиот научник Серхио Гомез обијавил дека во петокот открил „големи количини“ течна жива во просториите под Пирамидата на Пердувестите змии, третата најголема пирамида во Теотивакан, урнатиот град во централно Мексико. Гомез поминал шест години во ископување на тунелот, кој го открил во 2003 година.
Минатиот ноември, Гомез и неговиот тим објавија дека откриле три простории на крајот на тунелот, 20 метри под храмот. Недалеку од влезот во одајата, откриле скривалиште на необични предмети, статуи од жад, остатоци од јагуари, кутија полна со изрезбарени школки и гумени топки. Гомез и неговиот тим уште темелно ја истражуваат одајата. Меѓутоа, сега носат маски како би се заштитиле од живата.
Живата е отровна и може да го уништи човекото тело доколку е подолго изложено, течниот метал немал очигледно практична цел за древните Мезоамериканци. Меѓутоа, пронајден е и на други локалитети. Гомез наведува дека живата би можела да биде знак дека неговиот тим е близу до откритие на прва кралска гробница откриена во Теотивакан после децении ископувања и векови мистерии која ги опкружува водачите на мистериозниот, но добро сочуван град.
Живата можеби симболизирала подземна река, или езеро, наведува Гомез. Блескавите и рефлективни квалитети на течна жива можеби потсетувале на „подземна река, која не е многу различна од реката Стикс, која е влез во подземниот свет и влез во натприродното“. Водата исто така, била драгоцена, за луѓето во Централна Америка, кои знаеле за подземните водени системи и езера до кои може да се пристапи само по пат на пештерата. Теотивакан е, исто така, некогаш имал извори, иако тие денес пресушиле.
Археолозите наведуваат дека древните жители на Теотивакан би можеле да произведат течна жива со загревање на руда жива, позната како цинабарит, која исто така се користела за добивање на крваво црвен погмент за боење. Маите користеле цинабарит за да ги декорираат предметите од жива и да ги бојат телата на своите господари.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




