КАКВА ЗИМА НЕ ОЧЕКУВА - УХМР направи попрецизна проценка
Објавено во: Македонија 07 Декември, 2021
Зимата 2021/2022 се очекува да биде со малку натпросечни температури и количини на врнежи во однос на многугодишниот просек 1981-2010 година, покажува сезонската прогноза на УХМР изработена врз основа на анализите на Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето (ECMWF), Виртуелниот центар за климатски промени за Југоисточна Европа (SEEVCCC), како и други светски прогностички центри.
Очекуваните влијанија од позитивните отстапувања на температурата на површината на морињата во последните неколку месеци укажуваат и на пораст на температурите на воздухот, како на поголемиот дел од Европскиот континент, така и на тeмпературите на воздухот во Северна Македонија.
Тeмпературите на воздухот во земјава за период декември 2021 – јануари 2022 – февруари 2022 имаат поголема веројатност да бидат натпросечни, со позитивно отстапување од околу 2 степени целзиусови од многугодишниот просек. Отстапувањето се очекува да биде поизразено во источниот регион на Северна Македонија.
Се очекува просечно врнежлива зима, со мала веројатност за позитивно отстапување во источниот регион на Северна Македонија и мало потпросечно отстапување во западниот дел.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.