МВР ТВРДИ ДЕКА НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНОТО ВОЗИЛО НЕ БИЛО НА ПОЛИЦАЕЦ, А СОПСТВЕНИКОТ ЈА ПЛАТИЛ КАЗНАТА - но сепак, внатрешна контрола постапува за полициските службеници

Објавено во: Македонија 04 Април, 2025 12:44
Откако во јавноста излезе видеото со непрописно паркирано возило, кое беше подигнато од ПОЦ, но потоа вратено, а и откако опшштина Центар за ова побара одговорност, се огласи и Министерството за внатрешни работи.
„Во врска со видеото на социјалните мрежи на кое се гледа непрописно паркирано возило со скопски регистарски ознаки на територија на Дебар Маало во Скопје, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека конкретниот настан се случил на 22.03.2025. Имено, возилото е подигнато од страна на ПОЦ, а од страна на СВР Скопје преземени се мерки по член 63 став 6 од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и на возачот на возилото С.К. издаден му е платен налог. Исто така ве информираме дека предметното возилото не е на полициски службеник.
Во врска со постапувањето пак на полициските службеници при подигнувањето на возилото, веќе постапува Одделот за внатрешната контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и по завршување на целокупната постапка соодветно ќе ја известиме јавноста“, велат од МВР.
Можеби ќе ве интересира
„И ВО ОВИЕ БОЛНИ МИГОВИ, НЕКОЈ УСПЕА ДА ГО ПОДЕЛИ НАРОДОТ“: без марш, само собир и почит кон настраданите - организаторите бараат правда за сите

„ТРЕБА ДА ИМ ЗАБРНАТ И ПЕШКИ ДА ОДАТ, А НЕ КОЛА ДА ВОЗАТ“ - остри критики по апсењето на возачи во високо ниво на алкохол во крвта

СНЕГОТ ГИ ЗАВЕА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕМИНИ: воведена забрана за тешки товарни возила на неколку патишта
„ВНИМАНИЕ! НОВА ЕДНОНАСОЧНА УЛИЦА!“: граѓани споделуваат важни информации за сите возачи за промени во центарот на Скопје

СПАСЕН ЗАЛУТАН ПЛАНИНАР НА ПЛАНИНАТА КОЖУФ - ноќта ја поминал на отворено, но поради влошените услови загубил ориентација

МВР ТРАГА ПО СИНОТ НА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ДОЛНЕНИ - објавената снимка од пукањето предизвика голем револт меѓу граѓаните

„ЌЕ СЕ ТРУДИМЕ ДО КРАЈ ДА НАЈДЕМЕ РЕШЕНИЕ“: Таравари пред почетокот на Собранието на Алијанса на Албанците за коалицијата Вреди

„ПОДГОТВУВАМЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ПРЕМИЕРОТ“: Левица најавува нова тужба за попречување на правдата

ИЗГРАДЕНИ 650 МЕТРИ ОД БУЛЕВАРОТ „ВИДОЕ СМИЛЕСКИ-БАТО“ ВО ТЕТОВО - остануваат уште 1.783 метри да се комплетира
