КАКВИ ПЛАТИ! Работниците во една компанија заработуваат во просек по 414.000 долари годишно
Објавено во: Економија 20 Јули, 2023
Највисоката средна годишна плата во 2022 година изнесуваше
414.015 долари и беше исплатена во Vici Properties, фонд за инвестиции во
недвижности со седиште во Њујорк.
Технолошките компании се исто така високо оценети во овој сегмент, пишува ICT Business.
На пример, Meta Platforms, која е сопственик на Facebook, наводно им плаќала на вработените просечна плата од околу 300.000 долари. Алфабет, кој е сопственик на гигантот Гугл, е малку понизок со просечна плата од 280.000 долари.
Општо земено, платите на вработените се подобри во индустриите како што се технологијата, медиумите и забавата и енергијата. Соодветно на тоа, најниски просечни годишни плати имаат секторите производи за широка потрошувачка и малопродажба, покажуваат достапните информации.
ФОТО: viciproperties.com* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.