29 Септември, 2024
0.0413

Какви реформи и се потребни на Грција?

Објавено во: Балкан 13 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Уредниците на списанието HotDoc постојано работеле за падот на старата влада во Грција, според Ваксеванис не заради идеолошка ориентација или политички преференци. "Ние направивме сè, колку е можно, за да го откриеме системот на корупција и изопаченост, за да покажеме на каков начин таа се збогати за сметка на сиромашните и заблудените луѓе. Бидејќи ние копавме длабоко во тоа смрдлива блато и исто претрпевме огромни лични загуби, ние мислиме дека знаеме какви нешта сега треба да се менуваат во Грција, вели тој во својот материјал за Die Welt. Правда До денес судскиот систем во Грција се презентира надвор од земјата како независен и строго регулиран. Овој мит е стимулиран од корумпираните политички сили, бидејќи тие имаат корист од судството. Но со години главните дела, особено против моќните банкари во земјата, се зреење во фиоките на обвинителите. Највисокиот суд во Грција и обвинителството веќе биле јавно критикувани за тоа и за други престапи, само никој не интервенирал решително. Сега владата на Ципрас треба да му ги открие на општеството овие неправилности во рамките на правниот систем и да ги именува јавно виновниците. Покрај тоа треба да ги покаже сите наоди и докази за намерно задоцнетите процеси од министерствата и да ги предаде на правдата и органите, така гарантира реалната независност на судството. Казните Во една демократија казната не треба да се сфати како одмазда, туку како враќање на рамнотежата. Сите оние кои крадат јавни пари и ја злоупотребуваат довербата на населението, треба да бидат казнети. Тоа сепак не се подразбира во Грција, бидејќи и за време на мандатот на претходната влада биле создадени неколку закони кои обезбедуваат сеопфатна заштита од гонење на политичарите и други високи државни функционери. И со тоа не се разбира пратеничкиот имунитет, а прикриена амнестија, која дури грчките судови ја сметаат за неуставна, пишува Ваксеванис. Според него Министерството за правда треба да ги поништи овие правила и да ги даде на истражителите. Случајот со поранешниот министер за финансии Евангелос Венизелос е особено трагичен според авторот, бидејќи тој не само што ја криел т.н. листа "Лагард" со повеќе од 2000 лица, бегалци, даноци од Грција, но дури и откако го напуштил министерството, едноставно ја зел со себе листата. Досега тој не подлежи на каква и да е истрага. Медиуми Според Ваксеванис медиумите во Грција дејствуваат како еден од трите столба кои го држат системот од корупција и изопаченост во исправена положба. Другите два столба според него се бизнис елитата, кој го прави она што сака, и второ нивните политички претставници, кои се финансирани од бизнисот и затоа го бранат со легални средства. Во овој "триаголник на власта" најголемите медиумски компании се држат живи само затоа што банките им обезбедиле дарежливи и премногу евтини кредити, иако издавачите на весниците или радио и телевизија се безнадежно заглавени во долгови. Најголемите приватни телевизии ја продаваат својата независност со фактот дека добиваат бесплатна лиценци за јавниот радиодифузен сервис, иако во секој случај би требало да плати за нив. Овие привилегии кои прават фер новинарство да е невозможно, треба да бидат откажани од новата влада. Исто така новиот кабинет би требало да им забрани на новинарите да работат истовремено во медиумите и во прес-службата на Владата или некое министерство, сега честа појава. Во моментов во Грција имало неколку главни уредници на големи телевизиски оператори кои имаат и државен пост. Банки Според Ваксеванис банките во Грција во голема мера исто така имаат вина за кризата. Големите грчки медиумски издавачи молчеле, дури и кога Hotdoc и меѓународни медиуми како Ројтерс откриле банкарски скандали и ги предале своите заклучоци на судството. Ниту еден од овие случаи сепак не може да се пофали со значителен напредок, не затоа што нема докази, туку бидејќи малкумина се осмелуваат да ги извршуваат менаџерите на банките. Новата влада треба да се осигура дека судството ќе може самостојно и независно да го испита финансискиот сектор и да ги гони лицата кои се збогатиле и исто така носат одговорност за кризата. Јавен сектор Трагично и во исто време смешно е дека за изградба на куќа со четири ѕида во Грција има збир на правни норми од 22 000 страници. Навидум бескрајна низа на правила и законски дупки се резултат на корумпираното управување кое го парализира фатално јавниот сектор. Новата влада мора да реформира одделенски апарат. Принципите би требало да се брзина, ефикасност, сигурност. Предизвикот сепак според новинарот е огромна. Како пример за можно подобрување тој ја дава потребата од закон кој им забранува на органите да бараат од граѓаните документ или доказ за нешто со кое располага самата држава. Министерствата треба да разменуваат информации сами меѓу себе и на тој начин да ги забрзаат активностите. Даночната администрација Наодите и списоците со лица кои сакаат да се избегне плаќањето на даноците во Грција, се разновидни и делумно треба да се обработат со закон. Проблемот не е само во тоа што засега е недостаток на политичка волја за ефикасно гонење на овие злосторства. Оваа задача во Грција е поставена на премногу различни сектори. Има централизирана даночна администрација, посебна даночна служба и економска полиција, што доведува до конфузија и неспособност да се навршат најважните задачи. Сите овие институции треба да бидат концентрирани во единствен Заводот за истрага, по примерот на Даночната управа на САД IRS. Овој нов орган треба да биде достапен за граѓаните, така што тие да можат да известуваат за злосторствата кои ги откриле. К.К.

Можеби ќе ве интересира

„Поројот носеше се пред себе, патиштата уништени“: застрашувачки сцени во Обровац (ВИДЕО)

„Поројот носеше се пред себе, патиштата уништени“: застрашувачки сцени во Обровац (ВИДЕО)

РУСИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ МАСОВНО ДА КУПУВААТ СТАНОВИ ВО СРБИЈА - само годинава вложиле 85 милиони евра во недвижнини

РУСИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ МАСОВНО ДА КУПУВААТ СТАНОВИ ВО СРБИЈА - само годинава вложиле 85 милиони евра во недвижнини

ХОРОР НА КРФ - маж пронајден мртов во сопствената куќа, крвава облека фрлена во корпа за отпадоци, припаѓа на неговата ќерка (11)

ХОРОР НА КРФ - маж пронајден мртов во сопствената куќа, крвава облека фрлена во корпа за отпадоци, припаѓа на неговата ќерка (11)

ПОПЛАВИ ВО ЗАГРЕБ - големо невреме во Хрватска, сообраќајот парализиран, улиците полни вода

ПОПЛАВИ ВО ЗАГРЕБ - големо невреме во Хрватска, сообраќајот парализиран, улиците полни вода

ГОНЗАТО: Тирана станува регионален главен град

ГОНЗАТО: Тирана станува регионален главен град

ШТО ТОА САКА ДА КАЖЕ МИЦОТАКИС? „Постојат нарушувачи, кои не би сакале ништо повеќе од тоа да предизвикаат нови поделби на Балканот

ШТО ТОА САКА ДА КАЖЕ МИЦОТАКИС? „Постојат нарушувачи, кои не би сакале ништо повеќе од тоа да предизвикаат нови поделби на Балканот

СРЕДЕ ТИРАНА ЌЕ „НИКНЕ“ СУВЕРЕНА ДРЖАВА ПОМАЛА ОД ВАТИКАН: Микродржавата на површна од 27 хектари ќе има свои граници, пасоши и администрација

СРЕДЕ ТИРАНА ЌЕ „НИКНЕ“ СУВЕРЕНА ДРЖАВА ПОМАЛА ОД ВАТИКАН: Микродржавата на површна од 27 хектари ќе има свои граници, пасоши и администрација

ВУЧИЌ: Просечната плата во декември во Србија ќе биде 900 евра

ВУЧИЌ: Просечната плата во декември во Србија ќе биде 900 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА: Србите повеќе нема да мораат да купуваат зелен картон

ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА: Србите повеќе нема да мораат да купуваат зелен картон