Какви се реакциите за трансформирањето на државната помош за трето дете?
Објавено во: Македонија 09 Ноември, 2018 06:35
Откако вчера беше најавено дека државата нема да плаќа по 8 илјади денари месечно за трето дете, туку со новата измена ќе се добива еднократна парична помош од 60 илјади денари, повеќето мајки кориснички на ваква помош сметаат дека мерката не треба да се укине или менува.
Оние кои родиле трето дете велат дека како што сега важи за нив мерката, така треба и да остане во иднина за другите жени кои ќе се решат да го прошират семејството.
„Не би требало да ја укинат помошта, но ако решат народот никој нема да го слуша. Ние имаме решение дека ќе земаме до 10 години, но против државата не се може“, вели мајка.
Сметаат дека паричната помош помогна и во многу запустени села да се слушне детски џагор.
„Јас користам додаток за трето дете и сум против тоа да се укине. Мислам дека со таа мерка дефинитивно порасна наталитетот во Македонија. Познавам многу жени кои родија трето дете иако веќе имале и машко и женско дете“, вели мајка на три ќерки, која е корисник на додаток.
Но, демографскиот тренд оди во надолна линија. И покрај потрошените пари, Македонија не може да се пофали со добар природен прираст на населението. Во повеќето општини популацијата старее.
ВО МАКЕДОНИЈА СЕ РАЃААТ СЀ ПОМАЛКУ ДЕЦА
Од година во година во Македонија се намалува бројот на родени деца, иако се доделува парична помош за трето дете, проект кој го почна претходната власт.
Додатокот за трето дете ќе замине во историјата, затоа што не го даде посакуваниот ефект.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во земјава во 2017 година се родени вкупнo 21.946 деца, од кои 21.754 живородени и 192 мртвородени деца. Бројот на живородените деца во 2017 година, во споредба со минатата година, е намален за 5.4 %.
Бројот на живородените деца во 2016 година, во споредба со претходната година, е намален за 73 деца или за 0.3%. Се родиле 23.199 деца, од кои 23.002 се живородени и 197 мртвородени деца. Во Република Македонија во 2015 година вкупно се родени 23.260 деца, од кои живородени се 23.075 и 185 мртвородени деца. Бројот на живородените деца во 2015, во споредба со претходната година, е намален за 521 дете или за 2.2%. 2014 е една од ретките години кога имало раст од 2%.
ЗОШТО МЛАДИТЕ НЕ СЕ ОДЛУЧУВААТ ДА ФОРМИРААТ МНОГУДЕТНО СЕМЕЈСТВО?
Младите генерации семејството го планираат според можностите.
„Пресуден е економскиот фактор, затоа што едно дете е трошок, потребно е да се задоволат потребите, курсеви, и сѐ друго што е потребно во денешно време. Со второ дете веќе е двојно поголем трошокот. Сепак, во некои руралните средини и кај одредени етнички заедници има репродукција без разлика на финансиската состојба“, вели социологот Татјана Филиповска.
За додаток за трето дете лани државата издвоила повеке од 42 милиони евра, но мерката не го зголеми наталитетот како што се очекуваше кога се донесе во 2009 година. Наместо досегашната пракса, надлежните предвидуваат да се доделува еднократна помош за секое родено дете. За прво дете таа ќе изнесува 5.000 денари, за второ 20.000 денари, а за трето новороденче 60.000 денари, информираа од Министерството за труд и социјална политика.
Од МТСП сметаат дека стимулацијата воопшто не била креирана како што треба.
Податоците покажуваат дека самата мерка нема никаков ефект врз наталитетот односно стапката на наталитет опаѓа, од 13,3 во 2001 година до 11,1 во 2016 година, но и дека истата била лошо дизајнирана од самиот почеток.
Сања Атанасовска* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„Сити Аутсорсинг“ со демант за СДСМ: Немаме никаква врска со Ивица Томовски
„МЕЃУНАРОДНИОТ ПРИТИСОК ВРЗ СКОПЈЕ Е МНОГУ СИЛЕН“: Ташев вели дека Македонија има два плана против Бугарите
Најблиските соработници со честитки до Мицкоски: „Вашата визија инспирира и обединува“
Мицкоски: Права на Македонците во Пиринска Македонија, нечепкање на јазикот и идентитетот, па разговори со Бугарија
„Не бараме одмазда“, порачаа ротителите на Маршот на ангелите во Кочани
Мицкоски доби трет претседателски мандат во ВМРО-ДПМНЕ
Мециновиќ за веста со мигрантите: „Нè третираат како периферија за отпадни проекти!“
„МИЦКОСКИ САКА ДА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ДЕПОНИЈА ЗА МИГРАНТИ“: СДСМ вели дека Британската амбасада ја потврдила соработката за мигранти
„Скопје е скриен европски бисер во кој може да се живее со малку пари, а од тука е и најдобрата личност од историјата“: Светски јутјубер воодушевен





