Какви забелешки има ЦИВИЛ за гласањето во Теарце?
Објавено во: Македонија 25 Декември, 2016
Набљудувачите на ЦИВИЛ го следат прегласувањето на избирачкото место 2011 во Теарце од 6:30 часот и имаат забелешки за истото.
Објаснуваат дека изборниот материјал на избирачкото место не бил среден навреме, но бил целосен. Гласањето било почнато во неколку минути по 7 часот.
„Имаше получасовен прекин во гласањето, време во кое осум или повеќе гласачи биле вратени од избирачкото место. Причина за прекинот е тоа што во 8:30 часот се расипала едната УВ ламба, а втората се расипала веќе во 8:55 часот, по што настапил прекинот на гласањето. Иако Избирачкиот одбор тврди дека прекинот траел десетина минути, сепак, проблемите со УВ ламбите одземал половина час од процесот на гласањето“ - додаваат од ЦИВИЛ.
Од ЦИВИЛ кажаа дека во Теарце денеска има силно полициско обезбедување, со цел да се овозможи непречено гласање.
Според набљудувачите на ЦИВИЛ, неколку граѓани се пожалиле дека им е непријатно да бидат под толкаво медиумско внимание затоа што на местото има многу новинарски екипи.