19 Декември, 2025
0.0653

Какво решение за излез од кризата предлага Левица?

Објавено во: Македонија 08 Март, 2017 17:18

Добивај вести на Viber

Од Левица велат дека навидум нерешливата политичка криза, која се заканува да предизвика тешки последици по нашето општество, може да се надмине, но потребна е политичка волја кај партиите кои ја доведоа ситуацијата до точка на вриење. 

Партијата нуди концепт за надминување на политичката агонија, во која, како што соопшти, нѐ доведоа неодговорните партии и елити. Концептот вклучува мораториум на Албанската платформа, транспарентност на преговорите за влада, институциите да работат во согласност со своите уставни надлежности, како и прекин на протестите.

Левица смета дека парламентарните албански политички партии, ако навистина сакаат да се подобри животот на обичните граѓани Албанци, треба да се фокусираат на решавање на суштинските проблеми кои нив ги мачат.

„Со затскривањето зад етничките барања само ја покажуваат својата незаинтересираност за подобрување на животот на обичните Албанци“ - велат од  Левица.

Што се однесува до работата на институциите, од партијата велат дека граѓаните не гласаа за нефункционален парламент, каде што пратениците ќе земаат плата, а нема да работат. Затоа, најитно е потребно пратениците да ги испочитуваат Уставот и Деловникот и да го конституираат Собранието, а претседателот да го предаде мандатот, овојпат согласно со Уставот, и со тоа да се стави крај на институционалната криза.

„Левица искрено се надева дека оние партии и елити кои го создадоа хаосот, ќе изнајдат сила и доблест да ретерираат од некои свои позиции со цел да ја надминеме кризата што побргу и помалку штетно, за да конечно на дневен ред дојде решавањето на проблемите со осиромашувањето и обесправувањето на народот“- стои  во партиското соопштение.

Левица порачува дека за да се смират страстите и да спласне тензичната атмосфера меѓу граѓаните, итно треба да престанат ваквите протести, кои несомнено имаат поддршка од ВМРО ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината