КАЛИФОРНИЈА: Мртовечниците се преполни, a починатите од коронавирусот се чуваат во камиони-ладилници
Објавено во: Свет, Корона Вирус 08 Јануари, 2021
Мртовечниците се преполни во Калифорнија, а починатите од коронавирусот се чуваат во камиони-ладилници.
Калифорнија денеска обезбеди најмалку 166 камиони-ладилници како привремени мртовечници за да се справи со недостигот од капацитети во преполните болници. На болниците им е наредено веќе да не примаат тешки случаи кои се очекува да имаат смртен исход. Минатата недела во Калифорнија починаа 2.500 луѓе од коронавирусот, многу повеќе отколку во која било друга држава, односно на секои 15 минути еден човек умира од вирусот. Голем број камионски приколки со разладни уреди и фрижидери се надградени со полици за да соберат што повеќе тела. Мртовечниците и погребните претпријатија ги одбиваат ужалените семејства затоа што немаат веќе капацитет да примат нови починати. Поголем дел од Калифорнија, вклучително и Лос Анџелес, е во карантин. САД во светот е на врвот по бројот на заразени со коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.