23 Ноември, 2024
0.0312

КАЛИМЕРО НЕМА ПРАВДА - правник во УЦВ ќе зема 63 илјади денари месечно, градежник 52 илјади, по што се толку посебни

Објавено во: Македонија 16 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Бадијала синдикатите со години наназад бараат изедначување на платите на вработените во јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост на ниво на држава. И натаму опстојува состојбата одредени државни служби да бидат многу попривилегирани од другите.

Кога станува збор за платите, убедливи лидерии се Агенцијата за цивилно воздухопловство, М-НАВ и Агенцијата за електронски комуникации.

Додека Синдикатот за УПОЗ подолг период наназад укажува дека вработените административци по министерствата земаат многу ниски плати, и тоа е случај со најголемиот дел од нив, одреден број на јавни претпријатија или акционерски друштва во државна сопственост, се целосен исклучок од таа слика, бидејќи платите кај нив се огромни, дури и двојно повисоки од оние што ги земаат луѓе со исти квалификации и искуства од приватниот сектор.

Неодамна и од Владата најавија дека ќе има изедначување на платите кај државните органи, но тешко е да се очекува дали некогаш и воопшто ќе може да се спроведе таа процедура.

Најновиот „бисер“ во поглед на платите доаѓа од Агенцијата за цивилно воздухопловство, која е акционерско друштво во целосна сопственост на државата. Таа е всушност воздухопловната власт во државава.

Таму ќе се вработи правник кој ќе зема плата од 63 илјади денари, но и кадар со завршена архитектура или градежен факултет, кој ќе добива над 52 илјади денари.

На веб страницата на Агенцијата за администрација е објавен оглас од кој се гледа дека АЦВ бара Советник за управување со човечки ресурси, за Секторот за административни и општи работи, кој треба да има завршено Факултет од областа на правните науки. Услов што се бара за него е да има три години работно искуство во струката, а треба да знае и Англиски и компјутерски програми за канцелариско работење.

Како малку поспецифичен критериум е да има поминато Обука за користење на дигиталната интернет платформа за мрежата за управување на човечки ресурси (HRMN) и најмалку пет години работно искуство во областа на осигурувањето. Точниот износ на неговата плата ќе биде 63.200 денари во нето износ. Согласно планот за етничка застапеност на институциите, неговата националност треба да биде Турчин.

Вториот кадар што се бара е помлад соработник за аеродромска инфраструктура, кој треба да има завршено или Архитектонски или Градежен факултет. Може да има, но и не мора, според огласот, работно искуство во струката. За него се бара и да има поминато основен курс за опасни материи во воздухопловството за оператори и агенти. Паричен нето износ на платата ќе му биде 52.440 денари, а по националност се бара да биде Македонец.

Претходно АЕК имаше интересни огласи за вработување со исто така прилично високи плати. 

Дури таму, и за вработување со средно образование, се нудеше плата од 47 илјади денари. 

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР