16 Декември, 2025
0.0484

КАМ - Македонскиот број еден е осма година по ред префериран ланец на маркети одбран од потрошувачите

Објавено во: Мои пари 02 Декември, 2024 13:24

Добивај вести на Viber

Според истражувањето кое го спроведе агенцијата за истражување и консалтинг „Инсајдер ИД“ каде се вреднува само ставот на потрошувачите, компанијата КАМ доби најмногу гласови и се најде на првото место во главната категорија „Префериран ланец на маркети“. Дополнително, сите што учествуваа во анкетата потенцираа дека тука има највисока лојалност на купувачи, се добива најдобар сооднос помеѓу цена и квалитет и воедно маркетите се со најдобра локациска покриеност.

„Инсајдер ИД“ посочуваат дека истражувањето „Преферирани ланци на маркети за 2024-та година” е користен репрезентативен примерок од повеќе од 1,300 активни потрошувачи.

Според резултатите, КАМ осум години ја држи позицијата како префериран маркет во кој потрошувачите пазарат. Во тековното истражување за 2023/24-та година приближно 72 отсто од потрошувачите го избрале тврдиот дисконт како место за пазарење. Всушност, забележливо е дека ланецот го одржува учеството во последните 4 години приближно на еднакво ниво, што посочува дека има континуитет и при големи турбуленции на пазарот.

- Со гордост ја добивме веста дека осма година по ред сме „Префериран ланец на маркети“, што е доказ за посветеноста на нашиот тим, нашата компанија и за вербата што нашите клиенти ја имаат во нас. Ова признание е резултат на континуираната посветеност за обезбедување квалитетни производи и услуги, како и за создавање долгорочни и стабилни партнерства. Нашата цел , но и обврска како лидер во индустријата е да ги разбереме и задоволиме потребите на нашите клиенти и да внесуваме иновации. Ние ќе продолжиме да инвестираме во нови технологии, да ја прошируваме нашата понуда и да се фокусираме на создавање вредност за нашите клиенти и партнери се со цел на континуирано подобрување на потрошувачкото искуство. Благодарни сме на довербата што ни ја покажуваат потрошувачите, и ова признание ни дава уште поголема мотивација за напредок – велат од КАМ.

КАМ нуди широк асортиман на производи и услуги кои ги задоволуваат потребите на различни потрошувачи. Компанијата посветува големо внимание на градењето силни односи со своите клиенти и партнери со континуирани инвестиции во нови технологии, тимот на КАМ Маркети постојано ја подобрува понудата и услугите за да одговори на современите трендови и барања на пазарот. 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив