КАМАТИТЕ УПОРНО ОДАТ НАДОЛУ - добро за тие што сакаат кредит, но неповолно за штедачите
Објавено во: Финансии 29 Мај, 2020 13:01
Продолжуваат да се намалуваат каматните стапки. Колку што е тоа добро на страната на кредитите, толку е демотивирачки за штедните влогови.
Според најновите податоци што ги објави Народната банка, просечната каматна стапка на вкупните кредити во април годинава изнесувала 4,86 проценти. Со ова всушност продолжи трендот на нејзиниот пад, кој во споредба со еден месец претходно е за 0,03 процентни поени, а за една година намалувањето е за 0,37 процентни поени.
Просечната каматна стапка на вкупните депозити, пак, изнесува 1,11 отсто. За една година претходно тоа е намалување за 0,3 процентни поени.
Ако некој во април годинава зел кредит од банка, тоа го направил со просечна камата од 3,77 отсто. Толку изнесува просечната каматна стапка на новоодобфрените кредити, и бележи пад од 0,35 и 0,94 процентни поени на месечна и годишна основа, соодветно.
Но затоа, пак, оние што однеле пари на чување во банка во април, просечната каматна стапка што банките им ја дале изнесувала 0,61 отсто, па споредено на годишна основа оваа каматна стапка е пониска за 0,66 процентни поени.
Во април, просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на
корпоративниот сектор изнесува 4,01 отсто. Анализирано на годишно ниво, оваа
каматна стапка е пониска за 0,51 п.п.
Априлската каматна стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор изнесува 3,66 отсто.
Во април, просечната каматна стапка на вкупните кредити на домаќинствата изнесува 5,65 отсто и бележи минимален месечен раст од 0,01 п.п.,а споредено на годишна основа, просечната каматна стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,33 п.п.
Каматната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, во април, е
пониска за 0,45 п.п. на месечна основа и изнесува 4,38 отсто.
Просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата, овој месец, бележи минимален месечен пад од 0,01 п.п. и изнесува 1,09 отсто, а на годишна основа, просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата е намалена за 0,29 п.п.
Каматната стапка на
денарските депозити со валутна клаузула во април изнесува 0,65 отсто, за разлика од
претходните три месеци кога банките и штедилниците не примиле ваков вид
депозити. На годишно ниво, оваа каматна стапка бележи пад од 0,47 п.поени.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра




