05 Декември, 2025
0.0438

„Стапка од 3,25 отсто е многу пониска од каматата на нова еврообврзница“: Димитриеска - Кочоска во Унгарија го потпиша договорот за заемот

Објавено во: Финансии 20 Декември, 2024 13:49

Добивај вести на Viber

Петстотини милиони евра поволни средства се обезбедија од унгарската Експорт-импорт банка за редовно и целосно сервисирање на обврските кои доспеваат во јануари 2025 година по основ на издадена еврообврзница во 2018 година. Договорот за заем со унгарската Експорт-импорт банка денеска во Будимпешта го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, соопшти Министерството за финансии.

- Денеска во Будимпешта потпишавме нов Договор за заем од Унгарската експорт-импорт банка од која обезбедуваме нови 500 милиони евра, средства неопходни за раздолжување на веќе издадена еврообврзница во 2018 година.

Со овој заем обезбедуваме поволни услови за отплата на обврските коишто доспеваат во јануари. Заемот согласно Договорот е одобрен со рок на отплата од 15 години, со вклучен грејс период од 3 години и каматна стапка од 3,25 отсто која е многу пониска од каматата доколку се одлучевме да издадеме нова еврообврзница за која каматата е над 6 отсто и на тој начин да направиме заштеди во Буџетот. 

Дополнително заштеди се прават и по основ на трошоци за провизии кои за овој заем се околу 50 илјади евра, наспроти трошоците за издавање еврообврзница кои достигнуваа и над 1 милион евра - рече министерката за финансии.

Таа истакна дека е особено важно што заемот е под истите услови како и првиот заем за кој беше потпишан договор во октомври и изрази благодарност до унгарската Влада за дадената поддршка.

- Средствата ќе бидат достапни на земјата на почетокот на јануари со цел навремено да се рефинансира еврообврзницата. Оттаму важен аспект е дека повлекувањето на овие средства нема да влијаат на нивото на јавниот долг, односно се повлекуваат средства во оној износ во кој е издадена и еврообврзницата - рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Договорот, како што се наведува, е потпишан согласно Законот за задолжување на Македонија со заем кај Унгарската експорт-импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање општи цели, што го усвои Собранието. Владата имајќи го предвид позитивното искуство од соработката со Унгарија во однос на поволните финансиски услови при обезбедувањето на првиот заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели, пристапи кон обезбедување на вториот заем во износ од 500 милиони евра.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката