15 Јануари, 2025
0.1502

Кампања за јакнење на свеста за вработување маргинализирани лица

Објавено во: Економија 11 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Подигање на свеста на јавноста за потребата пазарот на труд да биде отворен за маргинализираните групи, поттикнување на свеста кај бизнис заедницата дека вработувањето на припадници на овие групи носи низа придобивки, а ним пак да им се упати порака дека треба да си ги бараат правата и да се борат за себереализација, има за цел кампањата која почна денеска со промоција на документарен филм во рамки на проектот „Поттикнување на социјалната инклузија и инклузивен пазар на труд“.

Во филмот се прикажани добри пракси од вклучувањето на овие лица во работниот процес, преку нивна зголемена самодоверба, исполнетост, себереализација, до свесност за тоа дека даваат свој придонес и за државата, а не се на нејзин товар.

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски истакна дека прикажаните добри пракси во документарниот филм се резултат на досегашните напори за интеграција на ранливите групи на пазарот на труд.

- Се надеваме дека тој ќе им помогне на сите релевантни чинители и на засегнатите страни подобро да го разберат концептот на интеграција на ранливи групи на пазарот на труд и ќе придонесе за подигање на свеста на целокупната јавност со посебен акцент на работодавачите дека социјално исклучените лица и лицата со посебни потреби ја заслужуваат својата шанса за вработување, рече Ристовски.

Тоа, исто така, додаде министерот за труд и социјална политика, треба да ги мотивира ранливите групи и да им даде храброст и волја да работат на зајакнување на своите капацитети, стекнување вештини за работа, што ќе ги направи поконкурентни на пазарот на трудот и ќе им овозможи да најдат пристојна работа.

Ние, повтори министерот, согласно досегашните позитивни или негативни искуства, ќе се обидеме да ја измениме законската регулатива со цел да го доолесниме пристапот на овие лица до пазарот на труд, повторувајќи дека се планира ревизија на законодавството во соработка со невладините организации.

Стојан Загорац, тим лидер на проектот, смета дека за успех е потребна добра регулатива, која, како што рече, Македонија во најголем дел ја има, меѓуинституционална и соработка на сите релевантни чинители засегнати од ова прашање, како и подигнување на јавната свест за потребата од вклучување на маргинализираните лица во пазарот на труд.

Проектот, кој е финансиран од ЕУ, се спроведува 18 месеци. Започнат е пред една година и треба да заврши во август годинава. Тој има за цел да ги зајакне институционалните капацитети во насока на подобрување на дизајнот и реализацијата на постоечките социјално-инклузивни политики преку јакнење на капацитетите на релевантните чинители, но и да промовира мултисекторска и меѓуинституционална соработка.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања