КАПАЦИТЕТОТ НА БОЛНИЦИТЕ ЗАБРЗАНО СЕ ПОЛНИ: Дали ќе се ограничи движењето навечер, денеска ќе се разговара за дополнителни рестриктивни мерки
Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2020
По вчерашните 535
новозаразени и 6 починати пациенти, како и рекордни 461 хоспитализирани
пациенти во болниците низ цела Македонија, денеска Комисијата за заразни
болести на редовниот состанок ќе одлучува дали ќе има нови рестритивни мерки,
освен оние кои ги предложија минатата недела, а за кои Владата одлучи дека прво
треба да се направат законски измени за да може да стапат на сила. Членовите на
Комисијата за заразни болести заедно со министерот за здравство Венко Филипче
на состанокот ќе ги анализираат и причините за високиот број позитивни на корона
вирусот.
Во изјава за Сител, министерот Филипче рече дека оваа епидемиолошка слика е директна последица на непочитувањето на мерките од страна на граѓаните, заради што на состанокот би разговарале за нови мерки кои ќе се однесуваат на рестрикции во јавниот превоз, ограничување во работата на угостителски објекти, економски субјекти и компании и секаде каде што постои ризик. Дел може да бидат во некои општини, и некои да важат и за цела држава. Ќе се дискутира и дали да се ограничи движењето навечер, но, лично смета дека во овој момент е рано зашто, како што рече, има простор се уште да се почитуваат мерките преку ден за да нема голем пренос на вирусот.
Некои од членовите на Комисијата за заразни болести сметаат дека Владата веќе требаше да ги усвои мерките кои ќе значеа задолжително носење маски и на отворено, забрана за групирање на повеќе од четири лица по 22 часот на јавни места, забрана на семејни собирања, како и седење само по четворица на маса во угостителските објекти.
Велат дека во кризно време, епидемијата е и над Уставот, но за жал, како што додаваат, Владата со закон ќе ги уредува веќе предложените мерки. Во однос на ограничувањето на движењето навечер, досега сметаа дека нема да има потреба да го предложат како рестриктивна мерка за да се спречува понатамошно ширење на заразата со корона вирусот.
Министерот Филипче пак во синоќешната изјава за Сител рече дека иако тоа е апсолутно мерка која во даден момент може да биде предложена, бидејќи во моментов болничките кревети забрзано се исполнуваат со пациенти болни од ковид.
-Гледаме дека забрзано се исполнуваат капацитетите и согласно со тоа може да предложиме дополнителни рестрикции. Живееме со вирусот, така е во цела Европа. Доколку се почитуваа рестриктивните мерки, немаше да биде ваков скок на новозаразени и свесни сме дека ако тие мерки не се почитуваат, треба дополнителни рестрикции. Доколку има потреба од итност, ќе најдеме и такво решение. Ќе ги анализираме податоците од прашалниците, начинот на трансмисија, тежината на болеста на новодијагностицираните и врз основа на тоа ќе донесеме одлуки. И овие мерки кои сега чекаат законски измени, законот е следната недела во Собрание, се дел од нашиот план – со заострување на тие рестрикции да го ублажиме овој скок на заразени лица, изјави Филипче.
Министерот нагласи дека и покрај големиот број хоспитализирани, се уште има место во болниците, нагласувајќи дека на Инфективната Клиника, односно во модуларната болница има 72 кревета, како и во Ковид-центарот Козле, и потенцираше дека ниту еден пациент не смее и не се враќа. Поголем проблем според него е недостигот на доктори и сестри, заради што веќе има списоци за ротации на медицнски персонал, а ќе се вклучат студенти од шеста година за да им помагаат на епидемилозите во правење на анкетите.
Анита Буховски* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.