23 Ноември, 2024
0.0281

Караџовски предупреди и на 1.000 новозаразени дневно, Филипче најави крај на работното време во 23 часот за сите

Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

По еваулацијата на состојбата со бројот на новозаразени во текот на викендот, министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека доколку има потреба, в понеделник до Владата ќе предложат дополнителни рестриктивни мерки, кои ќе се однесуваат на ограничување на капацитетот до 50 проценти во јавниот превоз, целосна забрана за секакви настани и крај на работното време на сите економски оператори во 23 часот.

-Со овие мерки таргетираме места каде има групирање и влијаеме на повеќе места да се намали ризикот на трансмисија. Доколку продолжи овој тренд на зголемување на случаи овој пакет на мерки заедно со претходниот сериозно ќе ја редуцира можноста за трансмисија на вирусот, рече Филипче.

Истовремено, претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски информираше дека ваквата епидемиолошка слика, со огромен број на новозаразени, од кои највисокиот процент е на возраст од 20 до 39 годиени е директна последица од неодамнешните журки, концерти, места каде има забави и каде никаде не се почитуваа мерките за заштита.

-Ако сами не си помогнеме, ниту уште 500 доктори, ниту уште 500 сестри, нема да можат да ни помогнат. Не по 200-300, туку можеме да имаме и до 1000 случаи на ден. Непочитувањето на тоа што го зборуваме од почетокот, носење маска, миење на рацете, држење на растојание од два метра, како и негрупирање ќе не одведе до огромен број на заболени и до преполнување на болничките капацитети. Дајте да се здружиме сите заедно да ја надминеме оваа ситуација, порача Караџовски.

Инаку, првиот сет мерки, кој Комисијата за заразни болести го предложи минатата недела, ќе стапат во сила со изгласување на измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести во текот на следната недела во Собранието на пленарна седница. Мерките ќе бидат: задолжително носење маска и на отворено, забрана за групирање на повеќе од четири лица по 22.00 часот, забрана на семејни собири, односно примање на повеќе од четири гости.

А.Б.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР