Карбинци повторно се тресе: Втор земјотрес за две недели
Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2016
Серија земјотреси ноќеска на Балканот, а утрово не ја одминаа и земјава.
Карбинци утрово во 08 ч и 11 минути беше погодено од земјотрес со јачина од 2.7 степени според Рихтер.
Длабочината е 7 км.
Епицентарот бил на 11 км западно од Карбинци и 59 км источно од Скопје.
Минатата недела , поточно во петокот, во околината на Карбиници беше почуствуван земјотрес со 2,1 по Рихтер, во 12:57 часот.
Ноќеска пак како што соопштивме земјотреси беа регистрирани во Грција, Албанија и Турција.