18 Мај, 2024
0.0277

„Катар ервејс“ (Qatar Airways) ги инспирира патниците да го разбудат авантуристот во себе со патување до некоја од портите кон светот

Објавено во: Мои пари 10 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Патниците што ќе резервираат лет од 10-18 септември може да ги искористат одличните цени на летови кон голем број возбудливи дестинации како и тројни „Q милји“ за членовите на „Привилиџ клубот“

 „Катар ервејс“ ги инспирира патниците да го разбудат авантуристот во себе или да одвојат време за зближување со семејството и пријателите, со тоа што ќе го испланираат следното патување до некоја од бројните прекрасни и уникатни дестинации што авио-компанијата ги нуди. Без оглед дали веќе планирате патување или се обидувате да се вратите во реалноста по некое патување, „Катар ервејс“ сака да Ве поведе на нова авантура до една од неверојатните порти до пространиот и разновиден свет.

Ги повикуваме патниците да го испланираат нивното следно патување со „Катар ервејс“ и да ги искористат одличните цени кои почнуваат од 419 ЕУР. Нудиме и дополнителни понуди како пониски цени за хотели, изнајмување автомобили и услуги за пречек на „Ал Маха“, достапни со резервација направена на qatarairways.com. Членовите на „Привилиџ клубот“ ќе заработат тројно повеќе „Q милји“ кога ќе резервираат онлајн на qatarairways.com и ќе се регистрираат за понудата на qmiles.com. Дознајте повеќе за понудите на qatarairways.com/takeyouplaces

Според зборовите на Извршниот комерцијален директор на „Катар ервејс“:„Патувањето е едно од најубавите искуства со кое може да се наградиме себеси и нашите најблиски.Со него го збогатуваме животот, ги исполнуваме амбициите и добиваме храброст да го изодиме нашето патување кон откривање на себеси. Има многу извонредни места низ светот кои допрва треба да се откријат – од чуда на природата и разновидни пејзажи, до напредни космополитски градови, а „Катар ервејс“ сега нудат повеќе места на поголем број летови на поголем број дестинации од кога било претходно.

Ја претвораме во реалност суштината на нашиот бренд – „Патуваме заедно“ – и ги повикуваме купувачите, без оглед дали се постојни или нови, да најдат инспирација и да станат дел од овој етос и уште денес да ја испланираат нивната најнова авантура со „Катар ервејс“.“

Како една од најбрзо растечките авио-компании во светот, „Катар ервејс“ има современа флота од преку 200 авиони кои летаат до деловни и туристички дестинации на шест континенти. Денес, во 20-тата година од своето постоење, повеќекратно наградуваната авио-компанија најавува понуда за 16 нови дестинации како дел од нејзината мрежа на глобална рута во 2018-2019 година, меѓу кои се Гетеборг, Шведска; Талин, Естонија; Валета, Малта; Лангкави, Малезија; Да Нанг, Виетнам и директен лет до Луксембург што е прва услуга од таков вид за земјите од Заливот.

Националниот авио-превозник на Државата Катар неодамна доби четири престижни награди на годинешниве Светски награди за авио-компании 2018, под раководство на меѓународната организација за оценување авионски транспорт – „Скајтрекс“ (Skytrax), откако ги доби титулите „Најдобра бизнис класа во светот“, „Најдобри седишта во бизнис класа“, „Најдобра авио-компанија на Средниот Исток“ и „Најдобар авио-компаниски салон за прва класа во светот“.

За да го резервирате следното патување со „Катар ервејс“, ве молиме посетете продажен салон на „Катар ервејс“ или некоја туристичка агенција, или пак посетете нè на qatarairways.com за да дознаете повеќе за дестинациите и промоциите што ги нудиме. 

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата