16 Декември, 2025
0.1254

Катар купува 24 француски борбени авиони “Рафал” за 6.3 милијарди eвра

Објавено во: Свет 04 Мај, 2015 18:30

Добивај вести на Viber

Договорот за продажба на 24 француски повеќенаменски борбени авиони "Рафал" на Катар беше официјално потпишан во Доха во присуство на францускиот претседател Франсоа Оланд и емирот на Катар шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, пренесе Франс прес.

Договорот вреден 6,3 милијарди евра беше потпишан од генералниот директор на "Дасо авиасион" Ерик Трапие и од генерал Ахмад ал Мали, кој раководеше со преговорите за купување од страна на Катар.

Посебен договор беше потпишан од генерал Мали и Антоан Бувие, генерален директор на европскиот производител на ракетни системи Ем Би Ди Еј / MBDA /, кој го испорачува оружјето на "Рафал".

"Добар избор", се сврте Оланд на англиски кон катарскиот генерал на церемонијата на потпишување.

Договорот вклучува и втор, доверлив, договор на меѓувладино ниво за обуката на 36 пилоти и стотина механичари, кој опфаќа и други прашања, како обука на разузнавачи. Тој беше потпишан од францускиот министер за одбрана Жан-Ив ле Дриан и катарскиот колега Хамад бин Али Ал Атијах.

"Рафал" е повеќенаменски борбен авион кој може да се користи и за електронско разузнавање и надзор. Катар е трет странски купувач на француските борбени авиони "Рафал". Индија минатиот месец ја објави својата намера да купи 36 од нив, а Египет купи 24 во февруари. Обединетите Арапски Емирати исто размислуваат за купување на авиони "Рафал", забележуваат американските медиуми. Оланд заминува за Саудиска Арабија, каде вечерва ќе разговара со новиот саудиски крал Салман. Во вторник тој ќе е почесниот гостин на самитот на Советот за соработка во Заливот - прв таков случај за западната државна глава. Во Советот членуваат шесте монархии од Заливот - Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Оман и Катар.

Можеби ќе ве интересира

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница