Катица не го издржа темпото во Собрание - И се слоши, седницата одложена
Објавено во: Македонија 22 Септември, 2016
Специјалната јавна обвинителка по неколку часа на расправа на комисијата за политички систем во Собранието се пожали дека не се чуствува добро по што побара кратка пауза, но потоа повеќе не можеше да продолжи бидејќи и се слошило.
Претседателот на комисијата Влатко Ѓорчев реши седницата да биде одложена за утре кога ќе продолжи расправата за поднесениот извештај за второто шестмесечје од работата на СЈО.
Денешната расправа помина во жесток тон со многу обвинување, дисквалификации и сурови прашања кон личноста на Катица Јанева, а на речиси секој нејзин поостар одговор пратениците од владејачкото мнозинство се постмеваа, дофрлаа и правеа гестови на неверување.
Од друга страна, пак опозициските пратеници изразија поддршка за работата на СЈО кое се соочува со бројни институционални и политички сопки и дека мора да ја заврши задачата која му е зададена, расветлување на прислушкуваните разговори и кривичните дела кои произлегуваат од нив.