17 Декември, 2025
0.0515

Казна од 10.000 евра за поранешниот словенечки премиер поради откривање тајни податоци

Објавено во: Балкан 15 Јануари, 2015 14:12

Добивај вести на Viber

Судот во Љубљана ја потврди првостепената пресуда со која е утврдена вина кај поранешниот словенечки премиер Антон Роп за откривање тајни податоци на државната разузнавачка служба „СОВА“. Со претудата се прдвидува Роп да плата парична казна во висина од 10 илјади евра. Пресудата се однесува на негова изјава за Словенечката телевизија во 2007 година, кога истакнал дека постојат тајни телефонски снимки на словенечката разузнавачка агенција кои потврдуваат дека Јанез Јанша (словенски премиер) и Иво Санадер (хрватски премиер) во 2004 година се договарале за намерен инцидент во граничниот Пирански залив. Поради обвинувањата со кои Роп открил тајни податоци на словенечките разузнавачки служби, Обвинителството побарало отштета од 20 илјади евра која со првостепената пресуда била преполовена. Роп поднел жалба на ваквата пресуда, но таа е потврдена и во второстепената постапка. Роп од 2002  до 2004 година беше премиер и водеше жестока предизборна кампања против тогашниот челник на опозицијата Јанез Јанша, а Санадер тогаш беше претседател на хрватската влада. Јанша пред повеќе години поднел тужба за клевета поради обвинувањата на Роп дека споровите околу границите на море со Хрватска ги користел за време на кампањата за политичка пресметка со него и дека наводните гранични инциденти ги договарал со Санадер. Роп, кој сега е потпретседател на Европската инвестициска банка, се извини пред судот, па помеѓу нив дошло до мирна спогодба чии детали не се објавени.    

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата