19 Декември, 2025
0.0552

Казните на Јанева и Фетаи на дневен ред на Совет на јавни обвинители

Објавено во: Македонија 09 Март, 2017 10:13

Добивај вести на Viber

Советот на јавни обвинители денеска ќе води расправа за предметите „Пуч“ и „Сопот“ а на дневен ред на седницата ќе се најдат и казните кои специјалните јавни обвинителки Катица Јанева и Фатиме Фетаи ги добија од в.д. претседателката на судот која си поднесе оставка од функцијата Татјана Михајлова.

„Сопот“ е предмет кој СЈО го побара од скопското обвинителство и за тоа денес ќе се разгледува дали специјалните обвинителки имаат надлежност да го земат во нивни раце.

Од СЈО на четврти ноември го побарале случајот „Сопот“ а во него  11 Албанци беа осудени на вкупно 156 години затвор. Беа прогласени за виновни дека поставиле мина во 2003 година во село Сопот, кумановско, при што загинаа двајца полски војници на НАТО и еден цивил.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во „бомбите“ објави еден разговор од прислушуваните разговори поврзан со овој случај.

Од разговорот меѓу екс министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и екс шефот на УБК, Сашо Мијалков се дознава дека за невини граѓани лежеле затвор за овој случај.

За случајот „Пуч“ јавните обвинители ќе дискутираат за можно повлекување на Обвинението.

Според најавите можно е на дневен ред да се најдат и казните кои специјалните јавни обвинителки ги добија на последнто рочиште кога му се судеше на екс премиерот Никола Груевски каде обвинителките Катица и Фатиме добија казни од 2000 евра за непочитување на судот.

Обвинителката Фетаи, откако не ѝ беше даден збор од Михајлова, стана и ѝ рече дека не е дојдена во судот за да види колку е убава, а потоа ја обвини судијката Михајлова дека направила фалсификат со записникот од претходното рочиште.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината