19 Декември, 2025
3.4925

КАЗНИТЕ ЗА МАСКИТЕ ПОЧНУВААТ ОД ПРВИ МАЈ - дали тогаш ќе се тргне и полицискиот час

Објавено во: Македонија 24 Април, 2020 12:27

Добивај вести на Viber

Од вчера е задолжително нсењето маски, но се до крајот на овој месец граѓаните што не ја почитуваат мерката нема да ги плаќаат предвидените казни од 20 евра, туку ќе бидат само опоменувани.

Казните за граѓаните ќе стартуваат од Први мај. 

Дали ова значи дека има шанси од Први мај граѓаните целосно да се ослободат од Полицискиот час, ќе кажат надлежните. 

Сега засега рестриктривните мерки се олабавени, па преку недела, наместо од 16, полицискиот час стартува од 19 часот, додека во викендите, почнува од сабота од 15 часот.

Инаку, граѓаните како заштитна опрема може да користат респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна марама или шал, бандана и слично, кои ќе  овозможат прекин на преносот на вирусот.

„Носење на заштитната опрема за покривање на носот и устата е задолжително во сите јавни затворени простори како што се средства за јавен превоз, маркети, банки, пошти, амбуланти, болници, институции, како и на отворени простори каде што нема можноста за одржување на дистанца од два метрa меѓу граѓаните како што се пазари, отворени трговски центри, тесни улици, автобуски постојки и слично“, информира Министерството за здравство.

Оваа заштитна опрема не е задолжителна при престојот во домот, во сопствен двор или тераса, при спортување, возење велосипед или прошетка на отворен простор со одржување дистанца поголема од два метри.

За правните лица што нема да обезбедат заштитна опрема на своите вработени, пак, казната е 2.000 евра, а за одговорното лице во фирмата казната е 500 евра.

Во Србија, како што рече претседателот на таа држава, од 4 мај се отвора буквално се, откако следната недела ќе се отворат продавниците.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот