05 Декември, 2025
0.0593

КД ФОНДОВИ ПРОГНОЗА: акциите и останатите хартии од вредност ќе растат оваа година!

Објавено во: Финансии 26 Март, 2014 11:13

Добивај вести на Viber

Минатата година беше една од најдобрите за пазарите на капитал во последните години. Закрепнувањето и растот на светската економија создадоа одлична основа за поголем оптимизам, што влијаеше поволно врз поризичните инвестиции. Главна улога во поттикнувањето на растот во реалната економија имаа централните банки, кои со олабавената монетарна политика обезбедија речиси неограничена ликвидност во светските економии. Подобрените макроекономски услови ја намалија нестабилноста на пазарите на капитал, а според очекувањата овој тренд треба да продолжи и во текот на 2014 година. Во 2014 година, остануваме оптимисти во врска со берзанските вложувања во споредба со другите инвестициски класи. Растот на пазарите на акции ќе се базира пред сè на растот на обемот на бизнисот и добивките на претпријатијата. Очекуваме и оваа година централните банки да го поддржуваат економското закрепнување. Минатата година американската економија достигна повисок раст од очекуваниот, а невработеноста опадна под 7%, на најниско ниво од почетокот на кризата. Ваквиот развој на настаните ја поттикна американската централна банка да отпочне со постепено затворање на програмата за откуп на обврзници на отворениот пазар. Американската економија се очекува да расте и во 2014 година, бидејќи бизнис условите за американските претпријатија, кои во голема мера ги намалија своите обврски во однос на периодот од почетокот на кризата, се сè поповолни. Во 2014 година развиените пазари ќе ги заменат пазарите во развој како главен придвижувач на глобалното економско закрепнување. Покрај САД, каде се очекува растот да продолжи, економската активност се буди и во Европа, каде ЕЦБ останува значаен фактор на поттикнување на активноста. Оваа година сме оптимистични во врска со понатамошниот развој на Европа, иако стариот континент е пред многу предизвици. Додека во минатото Централна Европа (пред сè Германија) беше определена како мотор на европската економија, оваа година забележуваме закрепнување и во периферните држави. Во поглед на пазарите на акции, пооптимистични сме за Европа отколку за САД. Во Европа може да се очекува продолжување на политиката на ниски каматни стапки На пазарите на капитал на државите од БРИК (Бразил, Русија, Индија, Кина) во минатата година дојде до пад на берзанските индекси, што може да се должи на фактот што економскиот раст едноставно повеќе не ги исполнувал високите очекувања на инвеститорите. Дел од причините за тоа беше и “селењето” на капиталот на глобалните инвеститори кон развиентие пазари. Значи, во овој момент вреднувањето на акциите на БРИК пазарите е далеку попривлечно во однос на развиените пазари, што претставува потенцијал за заработка на долг рок. Размислувате ли за вложување?  Ве интересира кои пазари се очекува да остварат најголема добивка? Како сето ова може да влијае на приносите на нашите фондови?  Ние имаме оптимистичен поглед на берзите во 2014 година! Какви се нашите очекувања за движењето на поединечните пазари? Што очекуваме од движењата на акциите и обврзниците оваа година? Одговорите на овие прашања можете да ги пронајдете во специјално подготвениот документ СТРАТЕГИЈА 2014! КД Фондови АД Скопје

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката