09 Октомври, 2024
0.1014

КЕНЕДИ ЗА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ТРАМП? Сите веќе зборуваат за Боби Кенеди

Објавено во: Свет 28 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Луѓе блиски до Доналд Трамп, поранешниот американски претседател, му дале прелиминарни предлози на Роберт Кенеди Џуниор во врска со можноста тој да биде потпретседателски кандидат на Трамп, дознава New York Post.

– Оперативците на Трамп веднаш изразија интерес за Кенеди, но беше премногу рано – изјави за американскиот весник лице запознаено сo кампањата.

Истиот извор додаде дека „беше големо изненадување кога Боби објави“ во април 2023 година дека ќе се кандидира за претседател.

- Сè е можно. Воопшто не би го отпишал како можност - изјави изворот.

„ New York Post “ објави дека Кенеди (70), кој првично се кандидираше за претседателската номинација на Демократите, а сега е независен кандидат, не бил заинтересиран и продолжил да ги негира шпекулациите дека некогаш ќе ја прифати функцијата потпретседател на Трамп.

- Слушнав за таа идеја. Не е изненадувачки – изјави Тимоти Мелон, кој донирал најмалку пет милиони долари во предизборната кампања на Кенеди.

Друг голем донатор на кампањата и на Трамп и на Кенеди, кој за разлика од првиот сакаше да остане анонимен, рече дека во круговите блиски до Трамп се уште се прават напори за регрутирање на синот на поранешниот американски државен обвинител Роберт Ф. убиен за време на кампањата за претседателските избори во 1968 година во Лос Анџелес.

- Во оваа фаза сето тоа во голема мера се одвива зад сцената. Како што напредуваме, може да видите дека станува поизвесно. Боби може да привлече нови луѓе на гласање - рече тој донатор.

Њујоршкиот весник потсетува дека RFK.Jr е познат како антиваксер и оценува дека тоа би го направило чуден партнер во кампањата за Трамп, кој го финансираше развојот на вакцина против коронавирусот за време на пандемијата.

Сепак, поранешниот стратег на Трамп, Стив Банон, кој беше дел од администрацијата на Белата куќа и сè уште е близок со поранешниот американски претседател, исто така ја истурка идејата и во август минатата година изјави дека двоецот Трамп-Кенеди на гласачкото ливче ќе донесе „ масовен прилив“ на гласови.

Се вели дека по убедливите победи во републиканската пратеничка група во Ајова и внатрепартиските избори во Њу Хемпшир, Трамп практично веќе се смета за победник на претседателската номинација за изборите во ноември.

Од друга страна, има бројни шпекулации за тоа кој би можел да биде потпретседател на Трамп.

ФОТО: EPA/ERIK S LESSER


Можеби ќе ве интересира

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист