КХВ ги предупредува инвеститорите: Fortrade ltd. Лондон нема дозвола за работа од КХВ
Објавено во: Финансии 04 Март, 2020 13:41
Комисијата за хартии од вредност (КХВ) информира дека според информации кои и се достапни и во јавноста постои можност инвестициското друштво Fortrade Ltd. Лондон на различни начини и форми да ги повикува граѓаните од земјава и да нуди услуги за тргување со финансиски инструменти.
„Напоменуваме дека врз основа на Законот за хартии од вредност, Fortrade Ltd Лондон нема овластување за давање и за рекламирање на услуги со хартии од вредност на територијата на Република Северна Македонија и не се наоѓа во Регистарот на овластени учесници на пазарот на хартии од вредност. КХВ превентивно ги повикува потенцијалните инвеститори да не се впуштаат во било каков однос со Fortrade Ltd. Лондон и да пристапат со особено внимание при разгледување и при прифаќање на директните или понудите на веб страниците на кои наидуваат, имајќи предвид дека КХВ не врши надзор и супервизија над законитоста во неговото работење, ниту може да влијае врз заштита на правата и интересите на инвеститорите, стои во објавата на Комисијата.
Регистарот на овластените учесници на пазарот на капитал кои имаат дозвола за работење добиена од Комисијата е достапен на веб страната на КХВ: www.sec.gov.mk
Можеби ќе ве интересира
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра




