КХВ одобри нова емисија на хартии од вредност на КБ Публикум Инвест и Винер лајф
Објавено во: Финансии 22 Февруари, 2013
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде одобрение на Друштвото за управување со инвестициски фондови КБ Публикум Инвест АД Скопје да издаде втора емисија на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда.
Како што соопштија од комисијата, станува збор за 200 обични акции со вкупна вредност на емисијата од 200.000 евра. Зголемувањето на основната главнина на Друштвото ќе се реализира со уплата на нови парични влогови од страна на постојниот акционер Комерцијална банка АД Скопје како институционален инвеститор и тоа за обезбедување услови за непречено вршење на редовното работење на Друштвото и за постигнување на законски предвидената адекватност на капиталот.
На седницата што се одржа денеска, а со која претседаваше претседателката Елизабета Чингаровска, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија донесе Решение со кое на Акционерското друштво за осигурување Винер Лајф - Виена Иншуранс Груп АД Скопје му ја одобри третата емисија на акции по пат на приватна понуда. Со третата емисија, Акционерското друштво за осигурување Винер Лајф - Виена Иншуранс Груп АД Скопје ќе издаде 1.000 обични акции, со продажна цена од 1.000 евра по акција. Третата емисија на акции на Друштвото се врши по пат на зголемување на основната главнина со парични влогови и е наменета за единствениот акционер-институционален инвеститор Vienna Insurance Group AG Wiener Versicherung Gruppe, Република Австрија.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.