Kим го снема, се плаши од коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 16 Јули, 2020
Го снема лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун.
Тој се плаши од новиот вирус Ковид - 19 и затоа избегнува јавни настани.
Него го нема најдолго во јавноста од првата половина од 2020 година, откако дојде на власт во 2012 година, стои во извештајот на корејскиот Институт за национално обединување.
Ким се појавил во јавноста само 19 пати во првите шест месеци, додека во претходните години неговото просечно појавување беше помеѓу 40 и 50 пати.
Тој се појави најмногу пати во 2013 година, кога во првите шест месеци се појавил дури 100 настапи.
Северна Кореја е една од ретките држави која нема пријавено случаи на новиот коронавирус.Мистерија беше исчезнувањето на Ким во мај, кога се појави информација дека починал.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.