КИНА Е НА НОЗЕ: Во Пекинг се повеќе заразени, се прават масовни тестирања
Објавено во: Свет, Корона Вирус 28 Декември, 2020
Во кинескиот град Пекинг, бројот на заразени расте, а се тестираат илјадници луѓе.
Во градот со повеќе од 21 милион жители, воведоа мерки за спречување на ширењето на коронавирусот. До неделата попладне беа собрани 830.000 примероци за тестирање на Ковид-19 во областа Шуенји. Во Кина вирусот е под контрола, иако сè уште има нови случаи. Досега во Кина беа заразени 86.976 луѓе, од кои 4.634 починаа, а има 339 активни случаи.
Сепак, на адреса на Кина беа упатени критики дека манипулира со бројот на заразени. СЗО допрва ќе испитува како се појави вирусот во Вухан. Имаше и одредени тврдења дека пред да се појави во Кина, вирусот бил присутен во Италија, но и во САД без здравствените лица да бидат свесни за неговото постоење. Во светот сега се шират и мутации на вирусот.фото ЕPA
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.