Кина има најголема трговска размена во светот
Објавено во: Свет 11 Февруари, 2013
Кина ги надмина САД како земјата со најголема стокова размена во светот, соопшти американската агенција Блумберг, повикувајќи се на официјални податоци од двете држави.
Американскиот извоз и увоз минатата година изнесувале вкупно 3,82 трилиони долари, соопшти минатата недела Министерството за трговија на САД.
Кинеската стокова размена во текот на 2012 година била во износ од 3,87 трилиони долари, се наведува во јануарските статистики на царинската администрација.
Зголеменото влијание на Кина во светската трговија се заканува со растурање на регионални трговски блокови, бидејќи Пекинг се претвори во најважниот трговски партнер за некои од зејите, забележува Блумберг. Можно е, на пример, германскиот извоз за Кина до крајот на оваа деценија да достигне ниво два пати поголемо од она на Франција.
Азискиот гигант во текот на минатата година регистрирал вишок во трговијата со стоки во износ од 231,1 милијарди долари. САД покажале дефицит од над 700 милијарди долари. САД, сепак, во 2012 година постигнале вишок од 195,3 милијарди долари во трговијата со услуги.
Американската економија е два пати поголема од кинеската, покажуваат податоците на Светската банка од 2011 година. Бруто домашниот производ (БДП) на САД во 2011 година изнесуваше 15 трилиони долари, а оној на Кина само 7,3 трилиони долари.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.