КИНА СО КОНТРАУДАР - воведува забрана за извоз на три метали во САД

Објавено во: Економија 03 Декември, 2024
Министерството за трговија на Кина денеска објави дека забранува извоз во Соединетите држави на галиум, германиум, антимон и други клучни високотехнолошки материјали со потенцијална воена примена.
Одлуката беше објавена откако Вашингтон го прошири списокот на кинески компании кои подлежат на контрола на извозот на опремата што произведува компјутерски чипови, софтвер и мемориски чипови со висок пропусен опсег потребни за напредни апликации, објави АП.
- Кина упати силни протести против САД поради ажурирање на мерките за контрола на извозот на полупроводници, санкции против кинески компании и злонамерно потиснување на технолошкиот напредок на Кина - изјави на прес-конференција портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан.
Тој повтори дека Кина е „цврсто против тоа САД да го преувеличуваат концептот за национална безбедност, да ги злоупотребуваат мерките за контрола на извозот“ и да воведат „незаконски, еднострани санкции“ против кинеските компании.
Ограничувањата што денеска ги објави Пекинг вклучуваат и извоз на супертврди материјали, како што се дијаманти и други синтетички материјали кои се исклучително густи и имаат разновидна индустриска употреба, како што се алатки за сечење, диск сопирачки и заштитни облоги.
Кина е најголемиот глобален извор на галиум и германиум, кои се произведуваат во мали количини, но се потребни за производство на компјутерски чипови за мобилни телефони, автомобили и други производи, како и соларни панели и воена технологија.
Заострувањето на трговските ограничувања доаѓа откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги зголеми царините за увоз од Кина и други земји.
Можеби ќе ве интересира
ЕВРОПА РАЗМИСЛУВА ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ГАСОТ: Доцна се сетија, ќе мора да платат

КОИ СЕ ОСНОВНИТЕ ПРОДУКТИ ЗА ЧЕТИРИЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО?! Синдикатите бараат раст на платите, работодавците промена на минималната кошницата

IFC со поддршка за енергетски проекти во Македонија – средба на министерката Божиновска со меѓународната финансиска корпорација

МОСКВА ТАЈМС: Русите од 2023 продале 70 отсто од резервите на злато

СЕ ЗГОЛЕМИЛЕ ТРОШОЦИТЕ ЗА ЖИВОТ: Kaде има најголемо поскапување?

ОДЛУКА ЌЕ ИМА ВО ПОНЕДЕЛНИК: Трговците предлагаат поевтинување на 100 производи

ЗАВРШИ СРЕДБАТА МЕЃУ ТРГОВЦИТЕ И МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА: Детали никој не споделува од средбата, најавуваат за подоцна

Известувањата на Фактор во случајот Телеком се засновани на информации кои се дел од јавна постапка

ПОЗНАТА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО ГЕРМАНИЈА ЗА 2025 ГОДИНА: Најмногу се заработува во овие сојузни држави и професии
