16 Мај, 2024
0.0296

Кинеска обнова на Србија: Ако сакаш да бидеш богат – прво гради патишта!

Објавено во: Балкан 25 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Силно и организирано одиме во реализација на инфраструктурните проекти кои многу брзо ќе го променат изгледот на Србија на подобро, ова беше пораката на српскиот Претседател Томислав Николиќ во Лјиг на свеченото одбележување на почетокот на делницата Обреновац – Лјиг на коридорот 11. Овие проекти, порача Николиќ ќе ја извлечат српската економија од рецесија, а српскиот народ од долгогодишната летаргија. Николиќ потсети дека без развиена инфраструктура денеска не може да се замисли конкурентна и напредна економија, ниту пак модерна држава и општество. " Да се угледаме и да го примениме развојното искуство на Народна Република Кина – земја која денеска претставува локомотива на светската економија", порача Николиќ. " Во рамки на соработката на Кина и земјите од централна и источна Европа и формирањето на посебен фонд од 10 милијарди долари за финансирање на инфраструктурни проекти, инициран е и проект за изградба на делницата Обреновац – Лјиг дел од автопатот Е-763. Кинеската компанија "Čajna Šandong Internešnel" ќе ја гради делницата на коридорот 11 од Обреновац до Уба и од Лајковац до Лјиг. Најдобра препорака на оваа компанија е изградбата на најдолгиот мост на светот преку море, по што стана позната ширум светот ", рече Николиќ. Тој потсети дека делниците од автопатот Е-763 се градат со полн профил, со изградба на сите патни објекти, 30 конструкции на мостови, две петлиња и тунел долг 990 метри. "Вредноста на инвестицијата за изградба на две делници од автопатот во вкупна должина од 5о километри е 333,7 милиони долари, а рокот за завршување е 37 месеци. Владата на Република Србија ги обезбеди проектите и паралелно со почетокот на работните зафати го завршува процесот на експропријација на планираната траса. Српските градежни компании учествуваат во изгрдбата на овој автопат со најмалку 40% од работата", рече Николиќ. Србија и Кина стратешки партнери Српскиот претседател потсети дека почетокот на реализација на овој инвестициски проект е резултат на максималните заложби на Србија и Кина да се унапреди економската соработка на принципите на рамноправност, взаемен интерес, реципроцитет и резултат кој ќе биде на взаемно задоволство и гордост. "Народна република Кина е еден од столбовите на кои се потпира нашата надворешна политика и воедно еден од нашите најзначајни економски соработници, Традиционалниот пријателски однос помеѓу Србија и Кина претставуваат заедничко достигнување на двата народи. Ширењето и продалбочувањето на пријателските односи е од суштински интерес на двете земји и цврста основа за натамошно јакнење на билатералните односи и соработката на сите основи", вели Николиќ. Претседателот на Србија констатира дека добрите политички односи во последните неколку години се проследени и со континуирани заложби за унапредување на економската соработка и трговската размена. Според неговите зборови, инвестициските вложувања во сообраќајната инфраструктура  овозможуваат отварање на работни места во фазата на изградаба, фазата на производство на градежниот материјал и машинската опрема и фазата на услужната дејност, а обемната и ефикасна инфраструктура е од огромно значење за обезбедување на ефикасно функционирање на економијата. Инвестициското вложување претставува важен фактор кој го одредува локациите за економски актривности, видовите на активност и секотри кои можат да се развиваат во одредена економија. "Добро развиената инфраструктура го намалува ефектот на дистанца помеѓу регионот, го интегрира националниот пазар и ја илеснува достапноста до пазарите во земјите од регионот. Квалитетот и обемот на инфраструктурната мрежа преудно влијае на економскиот раст, ги изедначува приходите, развојот и заживувањето на руралните подрачја и намалување на одредени причини за сиромаштво ", истакна српскиот претседател. Тој укажа дека добро равиениот транспорт и комуникациските мрежи овозможуваат пристап до помалку развиените заедници кои се занимаваат со важни екомски активности и услуги, како и дека со изградбата на сообраќајници се намалуваат миграциските процеси и се запира демографското умирање на вонградските средини. Потпишувањето на економско техничката соработка во областа на инфраструктурата со кои се поставени темелите засновани на капитални инвестоициски проекти ги поттикна компаниите од двете земји да воспатават нова и да ја засилат постоечката соработка, оценува Николиќ. Изградбата на патишта локомотива за развојот "Оваа соработка се остварува многу успешно со кредитна поддршка на кинеката EKS-IM банка. На овој начин унапредена е и забрзана соработката во областа на изградба на мостови, патишта, реконструкција и модернизација на железницата, ревитализација и проширување на капацитетот на термоелектраните", потенцира Николиќ. Сепак, независно од позитивните искуства засновани на работите со кредитирање, потребно е што по рано да се интензивира информирањето на кинеските компании за инвестициските можности, условите за работа и поддршката која им се нуди на странските инвеститори во Србија, потенцира Николиќ, наведувајки дека кинеските компании на Србија се уште гледаат како на пазар за пласирање на сосптвените готови производи, под мали или поголеми поволни комерцијални услови, без подготвеност да влезат во инвестициски ризик за формирање на сопствени или мешовити компании во Србија. "Наша задача е да им покажеме на кинеските стопанственици дека економскиот и правен систен на Србија функционираат и дека одлуката за вложување подразбира вообичаен економско – комерцијален ризик на ниво на работењето на компанијата. Позитивните искуства на кинеските инвеститори ќе овозможи премин за исклучива доверба во држава како валиден должник, на доверба во економијата и правниот систем на Србија", порача Николиќ. "Во надеж дека Србија ќе ја реализира древната кинеска поговорка која вели: Ако сакаш да бидеш богат – прво гради патишта, со исклучително задоволство ги прогласувам за отворени работните активности на изградбата на делницата Лјиг – Обреновац на автопатот  Белград – Јужен Јадран. Среќно!", заклучува Николиќ. К.К.  

Можеби ќе ве интересира

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот