29 Ноември, 2024
0.0266

Кинеските власти наредија ревизија на државниот долг

Објавено во: Свет 30 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Властите од Кина наредија целосна ревизија на државниот долг, што ги подгрева стравувањата дека неодамнешната криза во економијата може да се одрази во финансискиот сектор, јавува БиБиСи.

Локалните кинески власти значително се задолжиле по глобалната финансиска криза во обид да се одржи високи стапки на економски раст.

Последната ревизија на долгот од 2011 година покажа дека на крајот на 2010 година имале долгови од 1,7 милијарди долари.

Претходната ревизија на Националната ревизорска агенција, направена пред две години, покажала дека долгот на локалните власти зафаќал 25 отсто од вкупниот кинески јавен долг.

Во согласност со барањето на државниот совет Националната ревизорска агенција на Кина, ќе ги организира агенциите за ревизија во земјата, кои ќе направат преглед на јавниот долг.

Според податоците на кинеската регулаторна комисија за банки, локалните власти на крајот на 2010 година зеле 80 отсто од кредитите кои ги одобриле кинеските банки.

Дел од тие пари се инвестирале во инфраструктурни проекти, како патишта и железници кои се од витално значење за економскиот развој, но дел од парите се инвестирале и во секторот на недвижност. Постои сомневање дека овие проекти не се финансиски одржливи на долг рок.

„Голем дел од проектите  нема да имаат поврат каков што се очекувал. Тоа заедно со забавената економија, значи дека локалните власти нема добро да ги покријат финансиските вложувања“, оцени економистот на „Креди Агрикол“ Даријуш Ковалчик.

Загриженоста во Кина, вели тој, е голема поради ризичните кредити, бидејќи не е познат вистинскиот  обем на јавниот долг.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Грузија го замрзна зачленувањето во ЕУ

Грузија го замрзна зачленувањето во ЕУ

(ВИДЕО) СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ВО ТУРЦИЈА: Двајца постари луѓе гушкаа јагниња за да не премрзнат

(ВИДЕО) СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ВО ТУРЦИЈА: Двајца постари луѓе гушкаа јагниња за да не премрзнат

(ВИДЕО) ПУТИН СЕ ИЗВИНИ НА МЕРКЕЛ: Ангела, прости ми, не сакав да те вознемирувам

(ВИДЕО) ПУТИН СЕ ИЗВИНИ НА МЕРКЕЛ: Ангела, прости ми, не сакав да те вознемирувам

(ВИДЕО) СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ВО ЈУЖНА КОРЕЈА: Загинаа неколку луѓе

(ВИДЕО) СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ВО ЈУЖНА КОРЕЈА: Загинаа неколку луѓе

(ВИДЕО) ПРИ ПОСЕТАТА НА ПУТИН: Во Астана на голем екран се појави украинското знаме

(ВИДЕО) ПРИ ПОСЕТАТА НА ПУТИН: Во Астана на голем екран се појави украинското знаме

АКО СЕГА СЕ ОДРЖАТ ИЗБОРИ, ЗЕЛЕНСКИ БИ ИЗГУБИЛ ОД ЗАЛУЖНИ: Валериј е попопуларен од Володомир

АКО СЕГА СЕ ОДРЖАТ ИЗБОРИ, ЗЕЛЕНСКИ БИ ИЗГУБИЛ ОД ЗАЛУЖНИ: Валериј е попопуларен од Володомир

ВОЈНИЦИТЕ ОД СЕВЕРНА КОРЕЈА НЕ СЕ ЕДИНСТВЕНИТЕ, РУСИЈА ДОБИЛА ПОМОШ И ОД ДРУГА ЗЕМЈА? Ветуваат добри плати и руско државјанствo

ВОЈНИЦИТЕ ОД СЕВЕРНА КОРЕЈА НЕ СЕ ЕДИНСТВЕНИТЕ, РУСИЈА ДОБИЛА ПОМОШ И ОД ДРУГА ЗЕМЈА? Ветуваат добри плати и руско државјанствo

СЕ ЗА ПРИМИРЈЕТО НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Ако Хезболах го прекрши договорот, Израел жестоко ќе нападне

СЕ ЗА ПРИМИРЈЕТО НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Ако Хезболах го прекрши договорот, Израел жестоко ќе нападне

МРТВИ ТЕЛА БРОИ ХЕЗБОЛАХ ПО ПРЕКИНОТ НА ОГНОТ: Израел ја срамни со земја организацијата и го уништи Либан

МРТВИ ТЕЛА БРОИ ХЕЗБОЛАХ ПО ПРЕКИНОТ НА ОГНОТ: Израел ја срамни со земја организацијата и го уништи Либан