Добивај вести на Viber
Владата на Кипар одлучи да ги ослободи од данок на приход оние кои до крајот на годината ќе ги вратат средствата кои ги изнеле од островот, јавуваат кипарските медиуми.
Голем дел од депозитите, во евра, од островот биле изнесени во периодот до 15 март, кога Еврогрупата, ја објави одлуката, депозитите во кипарските банки да се оданочат со еднократен данок.
Ова беше поставено како услов за отпуштање на спасувачки заем за Кипар.
Вкупната сума на изнесени депозити се проценува на околу 700 милиони евра.