15 Декември, 2025
0.1116

Кипарскиот гас може да стигне до Европа - но кога?

Објавено во: Економија 19 Ноември, 2025 18:11

Добивај вести на Viber

Претседателот на Кипар, Никос Христодулидис, денеска изјави дека до 2027 година, природниот гас во Средоземното Море во близина на Кипар, каде што резервите се проценуваат на 566 милијарди кубни метри, би можел да стигне до пазарот во Европа.

Христодулидис рече дека првите количини природен гас што би можеле да се извезат би дошле од таканареченото поле Кронос, кое го управува конзорциум од италијанската Ени и француската Тотал Енерџис.

Претседателот на Кипар на Симпозиумот за енергетика во Никозија изјави дека следната година конзорциумот ќе донесе конечна одлука за продолжување на проектот.

Тој изјави дека гасот од Кронос потенцијално би можел да стигне до фабрика за преработка во египетскиот пристанишен град Дамиета во 2027 година, за да се претвори во течна форма и да се транспортира до европските пазари со брод.

„Кипар е дел од енергетските решенија за енергетска безбедност во Источниот Медитеран и важна цел е да се усогласат сопствените интереси со интересите на моќните држави и да се дејствува како алтернативен енергетски коридор за Европа“, рече Христодулидис.

Зборувајќи на конференцијата, кипарскиот министер за енергетика, Јоргос Пананастасиу, рече дека природниот гас од Кронос би можел најбрзо да стигне до пазарот, бидејќи може да се поврзе со постојната инфраструктура што транспортира гас од големото египетско поле Зор, оддалечено околу 80 километри.

Тој рече дека целниот датум до крајот на 2027 година за гасот од Кронос да стигне до пазарот е „оптимистички, но изводлив“.

Тој додаде дека плановите за извоз на гас од друго кипарско поле, познато како Афродита, бараат поставување на пловечка преработувачка фабрика врз самиот резервоар, со цел да се модифицира енергетскиот производ во „сув гас“ што може да се насочи директно кон потрошувачите во Египет.

Кипарскиот претседател рече дека следната недела ќе отпатува во Либан за да разговара исклучиво за енергетските планови на Кипар.

Кипар дели поморски граници со Либан, но либанската влада не ратификувала договор со кој се демаркираат ексклузивните економски зони на двете земји.

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден